8 грешки со кои си ја уништувате есенската и зимската облека

Ставате премногу омекнувач и не ги носите палатата на хемиско, туку ги перете во машина за облека.

8-greshki-so-koi-si-ja-unishtuvate-esenskata-i-zimskata-obleka-01.jpg

За разлика од едноставните памучни парчиња кои ни се најчестиот избор во топлите денови, на зимската облека треба да ѝ обрнеме повеќе внимание.

Дебелите џемпери, волнените капути и меките јакни обично бараат повеќе нега.

Во продолжение, најчестите грешки со кои несвесно ги уништувате:

Користите многу омекнувач

Постои причина зошто на амбалажата од омекнувачот пишува колкаво количество треба да ставите.

Ако ставате многу омекнувач, особено директно во барабанот на машината, тој може да не се исплакне добро и да ви предизвика иритација на кожата, а и со текот на времето да ја уништи облеката.

Исто така, поради отежнатото плакнење, омекнувачот може да почне да се акумулира и во машината за перење.

Па, секогаш следете ги инструкциите на амбалажата.

8-greshki-so-koi-si-ja-unishtuvate-esenskata-i-zimskata-obleka-02.jpg

Не ја носите облеката на хемиско чистење

Ако на етикетата на облеката е наведено дека треба да се однесе на хемиско чистење, немојте да ризикувате да ја ставите во машина.

Ова најмногу важи за капути и јакни кои лесно можат да се оштетат во машината.

8-greshki-so-koi-si-ja-unishtuvate-esenskata-i-zimskata-obleka-03.JPG

Ја перете облеката премногу често

Во лето, нормално е да ја перете облеката по секое носење.

Но, во зима, кога не се потиме, не мора да ги перете џемперите, фармерките и сличните парчиња облека по секое носење.

Облеката, како џемпер, под која обично носиме маичка или боди, може да ја перете по 3-4 носења.

8-greshki-so-koi-si-ja-unishtuvate-esenskata-i-zimskata-obleka-04.JPG

Ги отстранувате топчињата од облеката со жилет

Можеби сте го виделе трикот дека топчињата кои се формираат на облеката се отстрануваат со жилет.

Овој трик не е секогаш ефикасен, а и жилетот може да ја оштети ткаенината.

Подобро е да си купите машинка за отстранување топчиња која е достапна и кај нас во подобро опремените продавници за бела техника.

8-greshki-so-koi-si-ja-unishtuvate-esenskata-i-zimskata-obleka-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

8 модни грешки поради кои веднаш ќе изгледате постаро отколку што сте навистина Можеби ви стои убаво, но кафеавата боја „додава години“. И ја следи репутација н...
8 парчиња облека кои ни се омилени, но веќе не се во мода Фармерки „цевка“, широки палта, миди здолништа... иако ги обожаваме, веќе не се ...
8 парчиња летна облека кои мора да ги имате во својот плакар Секоја жена во својот плакар треба да има бел фустан што ќе може да го носи во с...
Чести модни грешки со кои (несвесно) си го уништуваме целиот изглед Долна облека која „ѕирка“, спортски чевли на свечени настани, слепо следење трен...
9 модерни парчиња облека кои ќе ги заменат ретро моделите во вашиот плакар Металик боите се враќаат, розовата боја и Барби трендот заминуваат во историјата...
9 совети со кои ќе изгледате како „милион долари“ (без да потрошите многу пари) Плетен џемпер со V-отвор на линии, кафена чанта за секоја комбинација - некои па...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg