8 грешки со кои си ја уништувате есенската и зимската облека
Ја перете облеката со многу топла вода
И во овој случај важно е да ги следите инструкциите на етикетата.
Ако, на пример, максималната температура е 40 степени Целзиусови, немојте да ја перете облеката на повисоко.
Со ова ќе ја оштетите, а во некои случаи, може да испушти и боја и да ви оштети други парчиња.
Ги закачувате џемперите за да се сушат
За да ја задржат формата подолго, идеално е да ги сушите џемперите хоризонтално поставени.
Ги чувате џемперите на закачалка
И овој пат причината е формата на џемперот.
Ако го чувате на закачалка, со текот на времето конците ќе се развлечат.
Не го четкате капутот
Потрудете се по секое носење, или барем еднаш неделно, да го исчеткате капутот со мека четка.
Со ова ќе го одржувате капутот чист и поретко ќе треба да го носите на хемиско чистење.
Спирова С. | Црнобело