5 парчиња накит што секоја модерна девојка треба да ги има оваа пролет
Бисери, големи алки и цветови - кои парчиња накит се хит оваа пролет кај инфлуенсерките, но и на модните писти?
Освен надополнувањето на плакарот со нови пролетни парчиња облека, исто така можеме да погледнеме што ќе биде тренд оваа пролет кога станува збор и за накит.
Оваа сезона може да инвестирате во некои класични модни додатоци, како бисери, смели ланчиња со синџири и дијаманти.
5 парчиња накит кои доминираат оваа пролет и кај инфлуенсерките, и на модните писти:
Бисери
Оваа сезона нема да погрешите со бисерите. Може да изберете класични бисерни ѓердани или едноставни обетки со бисери.
Може да купите нови, но би можеле да „ѕирнете“ и во накитот од вашите мајки или баби, зарем не?
Накит со цветови
Пролетта е совршено време малку да го разиграте својот стил, а накитот со цветови или ливчиња сигурно ќе ви биде добредојден за претстојната сезона.
Големи синџири
Се чини дека големите парчиња накит може да се забележат насекаде.
Синџирите одлично ги надополнуваат минималистичките пролетни комбинации.
Дебели алки
Претстојнава сезона тргнете ги малите слатки алки на страна и одлучете се за посмели, пошироки модели кои може да ги најдете во различни форми и стилови.
Дијаманти
Па, се чини дека накитот со дијаманти никогаш не излегува од мода.
Дијамантскиот накит е совршен избор за секоја елегантна комбинација.
М. Ѓ | Црнобело