Тренди накит кој ќе му даде луксузна нота и на наједноставниот изглед

Чокери, масивни алки, бисери во некласична форма - накитот кој го носите, иако класичен, може да му даде луксузна нота на вашиот стил... 

trendi-nakit-koj-kje-mu-dade-luksuzna-nota-i-na-najednostavniot-izgled-01.jpg

Секоја сезона носи големи модни промени, дури и кога е накитот во прашање. Овој пат ви препорачуваме интересни парчиња кои ќе можете да ги комбинирате и со наједноставната облека.

Каков накит да носите оваа сезона за дури и со наједноставните модни комбинации да бидете со стил и во тренд?

Големи метални обетки

Малите обетки се класика, но изгледаат многу едноставно.

Оваа сезона заменете ги со впечатливи, големи обетки изработени од метал (без разлика дали се во сребрена или златна боја).

trendi-nakit-koj-kje-mu-dade-luksuzna-nota-i-na-najednostavniot-izgled-02.jpg

Враќање на ’70-тите

Кога избирате златен накит треба да заборавите на минимализмот и да изберете покрупни парчиња со скапоцени камења (или нивна имитација), нешто во стилот на накитот кој се носел во 1970-тите.

trendi-nakit-koj-kje-mu-dade-luksuzna-nota-i-na-najednostavniot-izgled-03_copy.jpg

Необични форми на прстени

Ако сте љубител на прстени, оваа пролет изберете парчиња со необични форми кои ќе го „разиграат“ вашиот изглед.

trendi-nakit-koj-kje-mu-dade-luksuzna-nota-i-na-najednostavniot-izgled-07.jpg

Блескави синџирчиња

Додајте му малку сјај на својот изглед со синџирчиња кои блескаат, но тоа не треба да се дијаманти или имитации на скапоцени камења, туку парчиња изработени од сјаен материјал.

trendi-nakit-koj-kje-mu-dade-luksuzna-nota-i-na-najednostavniot-izgled-11.jpg

Впечатливи приврзоци

Во последните години доминираа синџирчиња со едноставни приврзоци.

Но, оваа сезона во мода се крупни приврзоци на тенко синџирче.

trendi-nakit-koj-kje-mu-dade-luksuzna-nota-i-na-najednostavniot-izgled-09.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

7 тренди парчиња со кои оваа есен ќе изгледате како парижанка Елегантен фустан што ја следи линијата на телото, панталони со висок струк - кои...
8 типови накит кои го уништуваат и најмодерниот стајлинг (и ве прават постари) Грешка бр. 1 – Поцрнет метален накит, кој прави да изгледате застарено. Грешка б...
10 пати кога ѕвезди избраа ист фустан: Изгледаат различно, а одлично Шарлиз Терон носеше ист фустан како Синди Крафорд, Никол Кидман и Аријана Гранде...
7 модели на чевли кои изгледаат богато, дури и ако се купени за малку пари Избегнувајте чизми со врвки, а кога бирате патики, земете предвид дека нежните н...
8 тренди парчиња кои нашите баби ги обожавале, а сега се враќаат во мода Плетени елеци со макраме техника, цветни марами, ролки комбинирани со тиролки......
8 модни грешки поради кои веднаш ќе изгледате постаро отколку што сте навистина Можеби ви стои убаво, но кафеавата боја „додава години“. И ја следи репутација н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg