7 тренди парчиња со кои оваа есен ќе изгледате како парижанка

Елегантен фустан што ја следи линијата на телото, панталони со висок струк - кои парчиња облека се во тренд оваа есен, а инспирирани од стилот на парижанките?

7-trendi-parchinja-so-koi-ovaa-esen-kje-izgledate-kako-parizhanka-01.jpg

Парижанките отсекогаш биле синоним за мода и жени со префинет вкус и стил.

Многу жени пробуваат да ги копираат или барем да се инспирираат од нив при изборот на облека.

Па ако сакате барем на момент да изгледате како нив оваа есен, тогаш во вашиот плакар треба да има едно од овие 7 парчиња.

Елегантен фустан што ја следи линијата на телото

Фустанот од лесен материјал (свила или сатен) кој ја следи линијата на телото, истовремено е и елегантен и шик.

Може да го се комбинирате балетанки и палто и на тој начин целосно да го ископирате стилот на парижанките.

7-trendi-parchinja-so-koi-ovaa-esen-kje-izgledate-kako-parizhanka-07.jpg

Широко, струкирано палто

Оваа есен во тренд се широки палта, но не „оверсајз“ туку долги и струкирани модели , кои сепак ќе го нагласат вашата половина.

7-trendi-parchinja-so-koi-ovaa-esen-kje-izgledate-kako-parizhanka-08.jpg

Кратка „бомбер“ јакна

Овие јакни скоро не излегуваат од мода, но ако сакате да изгледате како парижанка, изберете модел од твид или волна, или пак кожена „бомбер“ јакна.

7-trendi-parchinja-so-koi-ovaa-esen-kje-izgledate-kako-parizhanka-02.jpg

Џемпер со „двоен“ патент

Џемперите со „двоен“ патент кој се откопчува и од вратот надолу и од половината нагоре е секогаш меѓу првите модни избори на парижанките кога сакаат да изгледаат кежуал.

7-trendi-parchinja-so-koi-ovaa-esen-kje-izgledate-kako-parizhanka-03.jpg

Плетено здолниште (или фустан)

Плетените здолништа ќе бидат меѓу најмодерните парчиња облека оваа есен, а истото важи и за плетените фустани.

Лесно се комбинираат, а може да се носат и преку ден и навечер.

7-trendi-parchinja-so-koi-ovaa-esen-kje-izgledate-kako-parizhanka-04.jpg

Панталони со висок струк

Наместо класични панталони, оваа есен изберете панталони со висок струк кои ги издолжуваат нозете.

А ако сакате да ги носите како парижанките, наместо со кошула или маичка, комбинирајте ги со дебел џемпер и палто.

7-trendi-parchinja-so-koi-ovaa-esen-kje-izgledate-kako-parizhanka-05.jpg

Краток мантил

Класичниот мантил во беж боја оваа есен заменете го со краток модел до половината.

7-trendi-parchinja-so-koi-ovaa-esen-kje-izgledate-kako-parizhanka-06.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 парчиња облека кои ни се омилени, но веќе не се во мода Фармерки „цевка“, широки палта, миди здолништа... иако ги обожаваме, веќе не се ...
8 парчиња летна облека кои мора да ги имате во својот плакар Секоја жена во својот плакар треба да има бел фустан што ќе може да го носи во с...
7 парчиња летна облека кои изгледаат подобро на куклите во излог, отколку на нас Плетени парчиња летна облека, капри панталони - што изгледа подобро на куклите в...
Модни парчиња кои ќе бидат тренд за зима 2024 (и треба да ги купите веднаш) Јакна „шал“, впечатливи ракавици и џемпери со сите бои на нив... Што ни носи зим...
8 модели чевли кои треба да ги имате за есен 2024 Мокасините со огромен ѓон заменете ги за поедноставен и минималистички модел, ка...
10 парчиња облека и чевли кои треба да престанете да ги купувате Едни парчиња облека се непрактични, други делуваат смешно, а има и такви кои се ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg