Тренди накит кој ќе му даде луксузна нота и на наједноставниот изглед
Тркалезни обетки
Иако се чини дека никогаш не излегле од мода, тркалезните обетки оваа пролет се враќаат на голема врата - тенки, со камчиња, неколку преплетени тркалца...
Поинакви бисери
И бисерите се класика, но можат да изгледаат многу модерно ако знаете како да ги искомбинирате.
Оваа сезона доминира комбинацијата злато и бисери, но и бисерите во нестандардна форма.
Масивни алки
Колку е поголема и повпечатлива алката - толку подобро, тврдат стилистите и препорачуваат да изберете масивни парчиња во златна нијанса.
Брошови
Во мода се враќаат и брошовите, но не минималистичките и класични модели, туку големи впечатливи парчиња со необични форми и бои.
Чокери
Овие винтиџ парчиња стануваат многу популарни меѓу младите.
Па ако ви се меѓу омилените парчиња накит, оваа сезона изберете чокери кои делуваат модерно, со многу приврзоци и детали.
А. Ј. | Црнобело