Како да го комбинирате накитот со облеката за да оставите стилски впечаток?
Големината на накитот во однос на стилот на облеката, комбинацијата на бои кај накитот и облеката - кои се најчестите грешки што ги правите, а поради кои делува како да „сте се скарале со стилот“?
Кога се подготвувате за излегување од дома, не е важно само како ќе ги искомбинирате парчињата облека, туку и каков накит ќе додадете за да го заокружите целиот изглед.
Но, некогаш токму накитот е тој што може да го уништи целиот впечаток...
Па, ако сакате да покажете дека имате стил, тогаш обидете се да ги избегнете овие 5 грешки:
Големината е важна
Големината на накитот што го носите треба да биде соодветна на гардеробата.
Ако направите погрешна комбинација, па ставите дискретни парчиња накит на премногу шарена облека, накитот „ќе се изгуби“.
Ако пак на истата комбинација ставите гломазни парчиња накит, тогаш ќе делувате пренападно и без стил.
Големите парчиња накит се одлични за комбинирање со еднобојна облека.
Изберете некоја средина за совршен изглед - парчиња кои ќе се впечатливи, но не и нападни.
Изберете вистинска боја
И изборот на боите е многу важен.
Среброто и златото можете да ги комбинирате со секоја облека, особено ако носите белo, црно или сиво.
Но, кога избирате облека во боја, тогаш и накитот треба да е компатибилен и во тонови кои најмногу одговараат едни со други.
Во овој случај имате две опции - боите треба да се комплементарни (на пример на зелена облека да ставите жолт накит и обратно) или боите да се сосема спротивставени - на зелена облека да ставите розов накит (или обратно).
И запомнете: Дури и кога боите на облеката и аксесоарите се слични, не претерувајте и не мешајте повеќе од две бои.
Внимавајте на стилот
Накитот треба да го комбинирате со облеката и за приликата за која се подготвувате.
Ако одите на формален настан или деловен состанок, накитот треба да е подискретен - бисери, едноставно синџирче со приврзок, на пример.
На деловни комбинации не одговараат впечатливи парчиња накит.
Тен на кожата
И тенот на кожата има директно влијание при изборот на облека, но и накит.
На сите им одговара златото, но тоа подобро стои на оние што имаат потемен тен.
Отвор на облеката
Кога избирате накит, мора да внимавате и на отворот на облеката. Па така, ако новите блуза или фустан со V-израз, изберете дискретно ланче со приврзок.
За ролките не се препорачуваат ланчиња, но ако сепак сакате да носите ланче, тоа нека биде големо и впечатливо.
Ако, пак, отворот на облеката е во форма на полукруг, тогаш изберете кратки ланчиња или бисери, но никако не ја комбинирајте облеката со масивни ланчиња со впечатливи приврзоци или скапоцени камчиња.
А. Ј. | Црнобело