ZARA фустанот кој е хит оваа сезона – за 1.600 денари ќе бидете како (лажна) сопруга на мафијаш

Фустанот беше распродаден само за неколку денови во Шпанија, а кај нас треба да стигне наскоро и ќе се продава по цена од околу 1.590 денари.

fustanot-na-zara-koj-kje-bide-vistinski-hit-ovaa-prolet-kje-im-se-dopadne-i-na-onie-shto-ja-sakaat-mob-wife-estetikata-01.jpg

Иако многумина може да си помислат дека Mob Wife естетиката е нешто што може да се носи само во зима, затоа што вклучува бунди, вистината е дека тој може да се примени и во текот на летните денови, а примарни парчиња ќе бидат оние со животински принтови.

Mob Wife беше вистински тренд оваа зима низ целиот свет, па голем број познати дами и инфлуенсерки се облекуваа како „лажни сопруги на мафијаши“.

fustanot-na-zara-koj-kje-bide-vistinski-hit-ovaa-prolet-kje-im-se-dopadne-i-na-onie-shto-ja-sakaat-mob-wife-estetikata-02.jpgMob Wife во зима

Доволно е само да ja искомбинирате облеката со накит и соодветни чевли и ќе бидете ултра модерни.

fustanot-na-zara-koj-kje-bide-vistinski-hit-ovaa-prolet-kje-im-se-dopadne-i-na-onie-shto-ja-sakaat-mob-wife-estetikata-05.jpg

Со оглед на тоа што модниот стил беше многу популарен минатата зина, воопшто не зачудува тоа што ZARA во новата колекција нуди повеќе парчиња со животински дезени: од чевли, до костими за капење, но се чини дека најпопуларен е долгиот фустан со едноставен крој и набрано деколте.

fustanot-na-zara-koj-kje-bide-vistinski-hit-ovaa-prolet-kje-im-se-dopadne-i-na-onie-shto-ja-sakaat-mob-wife-estetikata-04.jpg

Овој фустан совршено ќе се вклопи и во дневните и во вечерните комбинации, a во Шпанија беше распродаден само неколку дена откако беше објавен за продажба.

fustanot-na-zara-koj-kje-bide-vistinski-hit-ovaa-prolet-kje-im-se-dopadne-i-na-onie-shto-ja-sakaat-mob-wife-estetikata-06.jpg

По првичниот успех со овој модел, брендот понуди уште неколку модели со истиот принт. Така може да се одлучите за пократок фустан со истиот дезен, или пак за фустан без прерамки.

fustanot-na-zara-koj-kje-bide-vistinski-hit-ovaa-prolet-kje-im-se-dopadne-i-na-onie-shto-ja-sakaat-mob-wife-estetikata-08.jpg

Прочитајте и Сите се облекуваме како (лажни) сопруги на мафијаши – Македонките во модниот стил што го освои светот

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 парчиња летна облека кои мора да ги имате во својот плакар Секоја жена во својот плакар треба да има бел фустан што ќе може да го носи во с...
Животински и уште 4 принтови на облека кои ќе бидат во мода оваа есен 2024 Цветни принтови во силни бои даваат посебно романтичен изглед на палтата, вертик...
8 парчиња облека кои ни се омилени, но веќе не се во мода Фармерки „цевка“, широки палта, миди здолништа... иако ги обожаваме, веќе не се ...
10 пати кога ѕвезди избраа ист фустан: Изгледаат различно, а одлично Шарлиз Терон носеше ист фустан како Синди Крафорд, Никол Кидман и Аријана Гранде...
8 модели чевли кои треба да ги имате за есен 2024 Мокасините со огромен ѓон заменете ги за поедноставен и минималистички модел, ка...
8 модели на чевли кои се соодветни за на работа (+ кои не треба никогаш да ги носите) Ако сте од оние кои истите чевли во кои излегуваат навечер, ги користат и за на ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg