Сите се облекуваме како (лажни) сопруги на мафијаши – Македонките во модниот стил што го освои светот
Кои Македонки први го прифатија Mob Wife трендот на облекување? Сите се сложни дека модата со раскошни бунди отсекогаш била присутна кај нас, но сега има поинакво име – сите се облекуваат како сопруги на мафијаши.
Време е да ѝ кажеме збогум на „чистата естетика“ - во светските трендови на голема врата влегува модниот стил познат како Mob Wife.
Модниот тренд е инспириран од мафијашките филмови и серии како The Sopranos, а и неколку Македонки веќе се пофалија дека одлучиле да го пробаат.
Во овој случај не важи модното правило „помалку е повеќе“, туку сосема спротивно: за да го следите трендот треба да носите раскошни бунди, впечатлив златен накит и кратки тесни фустани.
Во светски рамки, Клои Кардашијан на својот Инстаграм профил објави фотка на која во костим за капење и раскошна бунда позира и го следи најновиот моден тренд.
„Наликувам на сопруга на мафијаш... Лажна сопруга на мафијаш, секако“ – напиша таа до фотките.
Кај нас повеќе Македонки објавија свои фотки на кои позираат во крзнени бунди.
Дел од нив се присетуваат дека овој начин на облекување со раскошни бунди, денес е дефиниран како стил што ги одбележува сопругите на мафијашите, а некогаш бил карактеристичен и за сите жени во Југославија.
Погледнете дел од Македонките кои ја прифатија Mob Wife естетиката, или грубо речено, во својот стил го прифатија трендот на облекување: