7 основни парчиња за лежерни комбинации како на познатите модели
Фармерки, бела маичка и кожена јакна – доволни ви се само неколку парчиња за да ги копирате беспрекорните лежерни аутфити на познатите модели.
Модните трендови се менуваат побрзо од кога било, но ако обрнете внимание на лежерните аутфити на познатите модели, ќе забележите дека повеќето се држат до еден ист стил.
Моделите како Кендал Џенер и Бела Хадид навистина имаат беспрекорен лежерен стил, а црпат инспирација од никој друг, туку нивните постари колешки.
Модата секогаш се враќа, па изминативе неколку години, меѓу познатите манекенки доминира лежерниот стил на моделите од 90-тите, како Кејт Мос и Синди Крафорд.
А, за да го копирате овој стил, не ни треба да се трудите премногу.
Трендот веќе е познат како model off duty (модел кој не е на должност) и потребни ви се само неколку основни парчиња за да го копирате.
7 парчиња со кои ќе изгледате како модел во лежерните комбинации:
Кожена јакна
Моделот на кожената јакна може да зависи од вашиот стил.
Во овој тренд добро се вклопуваат и широки и потесни јакни, а доста популарни се и кожните сакоа.
Широк кардиган
Моделите ги обожаваат широките кардигани и не само што изгледаат добро, туку се одлични за слоевито облекување.
Неутралните нијанси како беж и сива ви се најсигурен избор бидејќи најлесно ќе ги комбинирате.
Бела маичка
Белата маичка е задолжително парче бидејќи е безвременска.
Иако периодов популарни се пошироките модели, слободно експериментирајте со потесни, па и кроп-топ бели маички.
Мантил
Мантилот е парче што можете да вметнете и во поелегантни комбинации, па вреди да вложете и повеќе во него.
Кожена чанта
Кожените чанти секогаш изгледаат елегантно, а во зависност од големината, можат да бидат и мошне практични.
Широки фармерки
Таканаречените mom jeans и главно сите пошироки модели одлично се вклопуваат во овој стил и одговараат на сите парчиња што ги спомнавме претходно.
Патики
Патиките, секако, се неизоставен дел од лежерните комбинации.
Удобни се и лесно се комбинираат.
Препорачливо е да имате еден бел пар кој ќе можете да го комбинирате со сè, а за посмели комбинации, слободно купете и пар во подречлива боја, како црвена.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





