Чести модни грешки со кои (несвесно) си го уништуваме целиот изглед
Долна облека која „ѕирка“, спортски чевли на свечени настани, слепо следење трендови…
Со некои грешки што ги правиме скоро сите, лесно можеме да ја уништиме и најубавата модна комбинација.
На кои грешки треба да обрнете внимание?
Долна облека што се познава
Ова не важи за проѕирни блузи преку кои се гледа долната облека.
Туку, долна облека која го оцртува телото, како многу тесни гаќи, или долна облека која „ѕирка“, како прерамки од градник.
Ова се навидум ситници, но можат да го уништат целиот изглед.
Нападни дезени
Ако носите облека со впечатлив дезен, важно е да не претерате.
Ако на пример, носите костим со дезен, не треба да ставите и друг детаљ со дезен, како чанта, дури и ако дезенот е ист.
Премногу модни додатоци
За да избегнете модна грешка, најдобро е да носите најмногу три парчиња накит.
И тоа, ако имате едно повпечатливо парче, останатите нека бидат со поминималистички дизајн.
Многу тесна или многу широка облека
Во ред е да носите тесна облека, во ред е да носите и широка облека, но важно е да го погодите бројот.
Многу тесната облека може да изгледа невкусно, додека во преширока облека ќе изгледате како маскирани.
Спортски чевли за секоја пригода
Кога сте на посвечен настан, немојте да носите патики.
Доколку не сакате штикли, секогаш можете да облечете пар елегантни балетанки или мокасини.