Чести модни грешки со кои (несвесно) си го уништуваме целиот изглед
Торба за пазарење наместо чанта
Торбите за пазарење се навистина практични, но можат да го уништат целиот изглед ако ги носите наместо чанти.
Слепо следење трендови
Само затоа што нешто е тренди, не значи дека изгледа добро или дека ќе ви стои добро и вам.
Немојте слепо да ги следите трендовите и пробајте да изградите сопствен стил – така секогаш ќе изгледате добро.
Или, кога се двоумите, држете се до парчиња кои се класика и никогаш не излегуваат од мода.
Панталони што се влечат по земја
Ако ногавиците се влечат по земја, целата комбинација ќе изгледа неуредно. Истовремено, непотребно ќе ги оштетите панталоните.
Па, ако ви се долги, однесете ги на шивач да ви ги скрати.
Облека со огромно лого од брендот
Со овие парчиња облека, најчесто маички, сите изгледаме како подвижни реклами.
Ако можете да си дозволите скапа брендирана облека, одлично за вас, но не мора да бидете реклама за тие брендови.
Искината облека
Искинатите фармерки можат да изгледаат добро, но само ако не се премногу искинати.
Останатите парчиња нема да изгледаат најдобро ако имаат дупчиња на нив, туку ќе изгледаат „истрошено“.
Спирова С. | Црнобело