„Вака изгледа жена која има многу пари, а нема стил“: Џорџина Родригез е мета на критики
Иако на црвениот тепих најчесто е гламурозна, сепак знае да направи грешки во облекувањето, посебно кога е без стилист, па Џорџина е и понатаму мета на критики.
Џорџина Родригез, партнерката на Кристијано Роналдо, привлекува внимание каде и да се појави.
Толку е популарна, што и на најголемите модни настани, фотографите ги занемаруваат светските ѕвезди само за да ја фотографираат неа.
Ова се случуваше и на последната Модна недела во Париз, каде што се појави и како модел, но и гостин на неколку ревии.
И иако на црвениот тепих изгледа одлично и гламурозно, нејзиниот приватен стил на облекување и понатаму е мета на критики.
„Вака изгледа жената која има многу пари, а нема стил“, коментираат на социјалните мрежи.
Под скоро секоја нејзина фотографија објавена на Инстаграм, Џорџина е исмеана за стилот, односно недостигот на стил.
Јавноста честопати вели дека на инфлуенсерката и модел „очајно ѝ е потребен стилист“ за да ја советува како да се облекува и дека не оди едно со друго сè што ќе стави на себе.
Ни модните критичари не се воодушевени од нејзиниот стил на облекување.
На Модната недела во Париз 2020 таа беше прогласена за една од најлошо облечените жени.
Queen Gio X Louis Vuitton ❤️
— Georgina Rodríguez - FanPage (@FcGeorgina) October 6, 2020
Georgina in Paris to attend the Louis Vuitton show at Paris Fashion Week.#pfw #louisvuitton #lvss21 #georginagio #georginarodriguez #cr7 #cristianoronaldo pic.twitter.com/L4ef5RVC5y
Но се чини дека неа не ја допираат коментарите од нејзините следбеници, па ни од некои модни критичари, кои низ годините јавно кажаа дека таа, едноставно, нема вкус.
„Па што ако сакам да носам луксузен накит и тренерки? Така ми се допаѓа“, кажа таа во една пригода.