Заборавени модни правила: Зошто во минатото задолжително се носеле комбинезони под облеката?

Жените се чувствувале самоуверено и пријатно, без разлика на тоа дали носеле дебели фустани изработени од груба и „боцкава“ ткаенина како волна или твид. Kомбинезонот имал хигиенска функција затоа што така никогаш дамите не ја носеле облеката што ја носат надвор, директно на телото - Знаете ли зошто жените во минатото задолжително носеле вакво парче облека?

modni-pravila-od-nashite-babi-zoshto-vo-minatoto-zadolzhitelno-se-nosele-kombinezoni-pod-oblekata-01.jpg

Денес кога ќе се каже „комбинезон“, најчесто се мисли на целосни панталони, но во минатото овој збор означувал задолжително парче долна облека без коешто нашите баби не можеле да помислат да излезат од домот.

Многумина и не знаат како воопшто изгледало ова парче долна облека, што задолжително се наоѓало во гардероберот на нашите баби.

modni-pravila-od-nashite-babi-zoshto-vo-minatoto-zadolzhitelno-se-nosele-kombinezoni-pod-oblekata-05.jpg

Станува збор за парче долна облека кое личи на фустан, најчесто изработено од свила и тантела, а се носело помеѓу долната облека и фустанот или здолништето со кошула.

Постојат повеќе причини зошто комбинезонот бил задолжително парче облека во минатото.

Мода

Во тој период, комбинезоните најчесто биле изработени од свила и од тантела и му давале пријатно чувство на телото.

Жените се чувствувале самоуверено и пријатно, без разлика на тоа дали врз него носат дебели фустани изработени од груба и „боцкава“ ткаенина како волна или твид.

modni-pravila-od-nashite-babi-zoshto-vo-minatoto-zadolzhitelno-se-nosele-kombinezoni-pod-oblekata-02.jpg

Естетика

Комбинезонот имал хигиенска функција затоа што така никогаш дамите не ја носеле облеката што ја носат надвор, директно на телото.

Естетската функција доаѓала оттаму што, кога носи комбинезон, жената не треба да се грижи дали фустанот или кошулата ѝ е проѕирна или дали ќе ѝ се гледа вишокот килограми – ова парче долна облека покрива сè.

modni-pravila-od-nashite-babi-zoshto-vo-minatoto-zadolzhitelno-se-nosele-kombinezoni-pod-oblekata-04.jpg

Практичност

Во минатото здолништата и фустаните често биле изработувани од синтетички материјали и комбинезонот не дозволувал да се залепат за нозете и за хулахопките.

Освен тоа, во тоа време жените немале машини за перење (или биле премногу скапи), па не можеле секој ден да ги перат фустаните и здолништата, но затоа комбинезонот бил лесен за перење и за одржување.

modni-pravila-od-nashite-babi-zoshto-vo-minatoto-zadolzhitelno-se-nosele-kombinezoni-pod-oblekata-03.jpgфото: Facebook

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 парчиња облека кои ни се омилени, но веќе не се во мода Фармерки „цевка“, широки палта, миди здолништа... иако ги обожаваме, веќе не се ...
8 модни грешки поради кои веднаш ќе изгледате постаро отколку што сте навистина Можеби ви стои убаво, но кафеавата боја „додава години“. И ја следи репутација н...
8 парчиња летна облека кои мора да ги имате во својот плакар Секоја жена во својот плакар треба да има бел фустан што ќе може да го носи во с...
Зошто славните дами шетаат само по долна облека (и прават тренд од тоа)? Бела Хадид јаде парче пица додека шета по гаќи, Кајли Џенер прошета со долна обл...
Чести модни грешки со кои (несвесно) си го уништуваме целиот изглед Долна облека која „ѕирка“, спортски чевли на свечени настани, слепо следење трен...
9 модерни парчиња облека кои ќе ги заменат ретро моделите во вашиот плакар Металик боите се враќаат, розовата боја и Барби трендот заминуваат во историјата...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg