Кендал ѝ ја презема круната на Жизел: Кои се најплатените модели во светот?

После деценија и половина на врвот, кралицата на модните писти и официјално е симната од тронот.

kendal-i-ja-prezede-krunata-na-zhizel-koi-se-najplatenite-modeli-vo-svetot-1.jpg

Секако, станува збор за бразилската манекенка Жизел Бундшен, која цели 15 години беше најплатениот женски модел во светот, но сега на престолот ја замени нејзината помлада колешка.

kendal-i-ja-prezede-krunata-na-zhizel-koi-se-najplatenite-modeli-vo-svetot-2.jpg

Според топ листата што ја направи престижниот магазин Forbes, најголема заработка во 2017 година остварила 22-годишната Кендал Џенер.

Во текот на минатата година, младата убавица заработила вртоглави 22 милиони долари, додека заработката на Жизел опаднала за дури 43 проценти во однос на 2016-та, односно инкасирала „само“ 17.5 милиони долари.

kendal-i-ja-prezede-krunata-na-zhizel-koi-se-najplatenite-modeli-vo-svetot-4.jpg

Кендал заработи милиони како заштитно лице на различни кампањи, а не смее да се заборави ниту нејзиното појавување во семејното шоу „Keeping Up With The Kardashians“. Тука се и многубројните насловни страни, иако тие не се ни приближно платени како кампањите.

Наспроти тоа, многумина и понатаму сметаат дека таа воопшто не ја заслужува манекенската кариера, која буквално ја „купи“ со познатото презиме.

kendal-i-ja-prezede-krunata-na-zhizel-koi-se-najplatenite-modeli-vo-svetot-3.jpg

После Кендал и Жизел, трета најголема заработка има Криси Тајген. Се работи за сума од 13.5 милиони долари, а ја стекна со својот готвач и рекламите што таа ги сними.

Во продолжение, погледнете кои се десетте најплатени модели во светот:

1. Кендал Џенер (22 милиони долари)

kendal-i-ja-prezede-krunata-na-zhizel-koi-se-najplatenite-modeli-vo-svetot-5.jpg

2. Жизел Бундшен (17.5 милиони долари)

kendal-i-ja-prezede-krunata-na-zhizel-koi-se-najplatenite-modeli-vo-svetot-6.jpg

3. Криси Тајген (13.5 милиони долари)

kendal-i-ja-prezede-krunata-na-zhizel-koi-se-najplatenite-modeli-vo-svetot-7.jpg

4. Адријана Лима (10.5 милиони долари)

kendal-i-ja-prezede-krunata-na-zhizel-koi-se-najplatenite-modeli-vo-svetot-8.jpg

5. Џиџи Хадид (9.5 милиони долари)

kendal-i-ja-prezede-krunata-na-zhizel-koi-se-najplatenite-modeli-vo-svetot-9.jpg

6. Роузи Хантингтон-Вајтли (9.5 милиони долари) 

kendal-i-ja-prezede-krunata-na-zhizel-koi-se-najplatenite-modeli-vo-svetot-10.jpg

7. Карли Клос (9 милиони долари)

kendal-i-ja-prezede-krunata-na-zhizel-koi-se-najplatenite-modeli-vo-svetot-11.jpg

8. Лиу Вен (6.5 милиони долари)

kendal-i-ja-prezede-krunata-na-zhizel-koi-se-najplatenite-modeli-vo-svetot-12.jpg

9. Бела Хадид (6 милиони долари)

kendal-i-ja-prezede-krunata-na-zhizel-koi-se-najplatenite-modeli-vo-svetot-13.jpg

10. Ешли Греам (5.5 милиони долари)

kendal-i-ja-prezede-krunata-na-zhizel-koi-se-najplatenite-modeli-vo-svetot-14.jpg

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Долги нозе, гради во преден план – Што облекоа познатите дами на ревиите од Модната недела во Париз? Кендал Џенер се појави закопчана до врат, а сестра ѝ Кајли носеше фустан со смел...
Наша, а светска: Горјана Кулишевска блеска во едиторијал за модниот магазин Marie Claire Горди сме! Нашата Горјана, позната како Џоја, со својата егзотична убавина си го...
Хелен Рут (95) е најмодерна баба во светот - некогаш работела во фабрика, а денес на Инстаграм има н... На Инстаграм ја следат светски ѕвезди како Ријана, Мајли Сајрус, Гвен Стефани......
9 совети со кои ќе изгледате како „милион долари“ (без да потрошите многу пари) Плетен џемпер со V-отвор на линии, кафена чанта за секоја комбинација - некои па...
Работи што ги носиме погрешно во зима (без да размислиме за последиците) Синтетички хулахопки, качулка врз капата... Каде најчесто грешиме кога е во праш...
Мажите во храбри и специфични стајлинзи на црниот тепих на последната вечер од Shtip Fashion Days 20... Панталони со дезен на крокодилска кожа, фантомки преку лицето, бермуди комбинира...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg