Keндал Џенер во впечатлив гол фустан, од кој ѝ „претекува“ кожа на грбот
Фустанот, кој дава оптичка илузија на пренагласени колкови и голотија, потсетува на фустаните на јапонските гејши. Но, како изгледа носењето на ваква креација на Инстаграм, а како во реалноста?
Кендал Џенер (29) се појави во необичен фустан од модниот бренд Schiaparelli на Модната недела во Париз.
Фустанот изгледа како скулптурирано тело и дава оптичка илузија на пренагласени колкови, како и голотија, поради изборот на материјал.
Фустанот изгледа како фустаните на јапонските гејши.
Коментарите за фустанот одaт од крајност во крајност, па гласат од „Фустан од соништата“ до „Како воопшто се движи во него?“...
Но, иако на Инстаграм фотографиите Кендал изгледа совршено во креацијата, на видеата од ревијата се гледа дека поради тоа што е премногу стегната со корсетот од фустанот, кожата изгледа како да ѝ „претекува“.
Како ви се допаѓа оваа креација?
Кадри од видеата со Кендал:
Кликнете на видеото од ревијата:
С. С. | Црнобело