10 лесни модни правила со кои секогаш ќе изгледате стилски, без многу труд
Давајте предност на класика наместо на сезонски трендови, планирајте аутфити одвечер, не ги игнорирајте накитот и ременот, не излегувајте непеглани... Држете се до овие правила за секогаш да изгледате стилски и беспрекорно.
За да изгледате стилски и средено, не мора ниту да потрошите богатство, ниту да ги имате сите најмодерни парчиња облека во домот.
Едноставно треба добро да ги комбинирате парчињата кои ги имате, да знаете што ви стои и да не оставате шанси за грешки во последен момент.
Држете се до следните едноставни правила за добар изглед:
Давајте предност на класика наместо на сезонски трендови
Во ред е да си купите и нешто што е сезонски тренд, но не целосно да ја смените облеката, туку да го вметнете парчето во комбинациите кои се ваш вечен стил.
Планирајте си ги комбинациите од претходната вечер
За да се спасите од проблемот „немам што да носам“, секогаш пред да си легнете потрошете повеќе време за да смислите комбинација и секое утро ќе излегувате од дома беспрекорно средени, без шанси за промашување во брзање.
Носете облека која ви одговара на фигурата
Барем денес, изборот на облека е широк и може да си најдете тип на гардероба што најдобро ви стои и да не експериментирате со секакви тренд парчиња кои изгледаат чудно на вас.
Не го игнорирајте накитот
Зависно вашиот стил и желба за носење накит, но и комбинациите, практикувајте да го дополнувате изгледот со овие модни додатоци ја нагласуваат вашата индивидуалност – целосно се менува стајлингот со и без накит.
Користете марама како моден додаток
Малите триаголни марами имаат моќ да остават печат во секоја комбинација, независно дали ќе ги носите околу врат, како ремен, како додаток на чанта или во коса.