10 лесни модни правила со кои секогаш ќе изгледате стилски, без многу труд
Дајте им форма на широките парчиња облека со ремен
Дури и кога не ви се размислува за облекување и сакате да носите нешто широко, еден обичен ремен може многу да ја промени комбинацијата и да изгледа лежерно, а стилски.
Бојата на чантата може да ја усогласите со еден детаљ од изгледот не со цел
Не мора да бидете целосно облечени во иста боја, не се плашете да експериментирате со неколку сродни бои во еден стајлинг, а чантата усогласете ја со барем еден детаљ како ремен или чевли, но не мора сите делови на вас да бидат во иста боја.
Носете чевли во боја на кожа ако сакате визуелно да ја издолжите фигурата
Со фустани, здолништа или панталони со должина ¾, може да си помогнете да си ја издолжите ногата со чевли кои создаваат ефект на подолги нозе.
Додадете еден колоритен детаљ за да ја живнете неутралната комбинација
Ако сакате неутрални аутфити, но имате желба и да ја развеселите комбинацијата, доволно е да додадете еден или неколку детали во силни бои, како црвена капа или чанта или нешто по ваш избор зависно стилот.
Секогаш грижете се за изгледот на облеката
Избледените, растегнатите, изгужваните или уништените парчиња облека не оставаат добар впечаток, па секогаш добро грижете се за облеката според упатствата и не излегувајте од дома како да немате огледало.
М. М. | Црнобело / фото: freepik.com