Браво! Убавата велешанка Татјана Јанушева во ексклузивен едиторијал за светски моден магазин
Најновиот голем успех за велешанката Татјана, која во модниот свет е позната под името Тати, е едиторијалот за светското модно списание L’Officiеl.
Македонката Татјана Јанушева уште еднаш покажа дека е една од најдобрите и најангажирани македонски модели.
Таа зад себе веќе има голем број кампањи и едиторијали за светски дизајнери, но и на ревии на познати брендови.
Најновиот голем успех за Татјана, која во модниот свет е позната под името Тати, е едиторијалот за светското модно списание L’Officiеl, за нивното балтичко издание.
Овој едиторијал е насловен Dolly dreams, а беше направен во Мадрид со познатиот моден фотограф Алфи Гомез.
„Убавината и талентот на Јанушева веднаш го препознаа од светската и реномирана модна агенција NEXT Management, која одлично ја застапува нашата Татјана на интернационално ниво.
Тати е вистински пример за една успешна модна приказна на која сме многу горди и среќни за нејзините светски достигнувања“, велат од нејзината матична агенција Моделс ИН.
Погледнете ги фотографиите од модниот едиторијал:
Прочитајте и Македонско девојче: Татјана е 19-годишен модел од Велес за кој слушна и светот (фото)
А. Ј. | Црнобело