Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


„Најскапата облека секогаш е изложена напред“ - Поранешни вработени во ZARA откриваат тајни

Дали знаете во кој период е најдобро да се упатите во продавниците на ZARA, кога има најголеми попусти и што е она што не би требало никако да го правите? Поранешни вработени во ZARA откриваат тајни што обичните луѓе не ги знаат, а би им биле од корист…

sekoja-godina-ima-popusti-za-koi-nikoj-ne-znae-poraneshni-vraboteni-vo-zara-otkrivaat-tajni-01.jpg

Пред неколку месеци на социјалните мрежи топ тема беа тајните ознаки во ZARA, кои треба да ви помогнат при избирањето на вистинскиот број за вас, а годинава повеќе вработени на социјалните мрежи открија уште неколку тајни што би требало да ги знаете.

Погледнете во продолжение што би требало да знаете:

На кои рафтови треба да погледнете прво?

Поранешни вработени откриваат дека политиката на брендот е во предниот дел да се ставаат најскапите парчиња облека, за тие да се продадат први.

Оние што се на попуст и што се поевтини се распоредуваат во задниот дел.

sekoja-godina-ima-popusti-za-koi-nikoj-ne-znae-poraneshni-vraboteni-vo-zara-otkrivaat-tajni-02.jpg

Дали да пазарите онлајн или во продавница?

Поранешни вработени тврдат дека ако пазарите онлајн, тогаш ќе имате и многу поголем избор на облека, а одредени производи може да ги најдете и со попуст од 75 отсто.

Често во продавниците овие попусти не се достапни.

sekoja-godina-ima-popusti-za-koi-nikoj-ne-znae-poraneshni-vraboteni-vo-zara-otkrivaat-tajni-05.jpg

Кој е најдобар период за пазарење во продавница?

Ако сте од оние што мора да ја пробаат облеката пред да ја купат, тогаш треба да го изберете вистинскиот термин.

Според поранешни вработени, најдобар период за пазарење е во понеделник или во четврток, пред паузата за ручек. Во тие денови вообичаено пристигнува новата роба, а до пред паузата веќе е распоредена и нема многу гужва.

sekoja-godina-ima-popusti-za-koi-nikoj-ne-znae-poraneshni-vraboteni-vo-zara-otkrivaat-tajni-03.jpg

Во кои месеци се најголемите попусти?

Во ZARA има попусти пред промената на сезоната, кога може да ги купите омилените парчиња по многу помала цена од редовната.

Тие вообичаено се во јуни и во јануари, но брендот избегнува да ги рекламира.

sekoja-godina-ima-popusti-za-koi-nikoj-ne-znae-poraneshni-vraboteni-vo-zara-otkrivaat-tajni-04.jpg

Бидете внимателни со тестерите за шминка

Како и во секоја продавница, така и во ZARA треба да бидете внимателни со тестерите за шминка.

Поранешни вработени тврдат дека овие тестери не се менуваат често, ниту пак се чистат, така што ако ги испробате производите, тоа го правите на сопствен ризик.

sekoja-godina-ima-popusti-za-koi-nikoj-ne-znae-poraneshni-vraboteni-vo-zara-otkrivaat-tajni-07.jpg

Прочитајте и Трик кој вирално се шири: ZARA има тајни симболи за полесно бирање на соодветна големина – што означуваат?

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Облека и модни додатоци кои се секогаш тренди (и треба да ги имате во гардероберот) Морнарски маички (или џемпери) и црн кожен колан – некои парчиња и модни додатоц...
Популарни парчиња облека кои почнуваат да стануваат демоде Проѕирни хулахопки, балетанки... Кои се парчињата облека и модните додатоци кои ...
Како да изберете квалитетна долна облека во продавница (и како да ви трае подолго)? Избегнувајте бели градници бидејќи лесно се валкаат, а се познаваат и под темна,...
Зошто славните дами шетаат само по долна облека (и прават тренд од тоа)? Бела Хадид јаде парче пица додека шета по гаќи, Кајли Џенер прошета со долна обл...
9 познати дами кои секогаш се како во униформа (за да не направат модна грешка) Кејт Бекинсејл секогаш носи комбинација на шорцеви + здолниште или наметка, Ема ...
9 совети со кои ќе изгледате како „милион долари“ (без да потрошите многу пари) Плетен џемпер со V-отвор на линии, кафена чанта за секоја комбинација - некои па...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg