Како да изберете квалитетна долна облека во продавница (и како да ви трае подолго)?
Избегнувајте бели градници бидејќи лесно се валкаат, а се познаваат и под темна, и под светла облека. Кога сакате да го скриете градникот под бела блуза, подобро купете модел со боја на вашата кожа.
Денес имаме огромен избор кога станува збор за долна облека, па може да биде тешко да најдеме модел кој е квалитетен.
Но, дури и ако купиме квалитетна долна облека, важно е правилно да се грижиме за неа за да ни трае подолго.
Неколку совети за долна облека што ќе ви бидат од корист:
Избегнувајте бели градници
Белите градници речиси сигурно ќе пожолтат, без разлика колку добро се грижите за нив.
Покрај тоа, белите градници се познаваат и под светла, и под темна облека.
АКо сакате да не ви се познава градникот, тогаш купете модел со боја слична на вашата кожа.
Обрнете внимание на внатрешниот слој на гаќите
На делот кај што се допираат со гениталиите, гаќите треба да имаат парче ткаенина.
Осигурете се дека оваа ткаенина е од памук, бидејќи синтетичките материјали може да предизвикаат иритација.
Исто така, препорачливо е ткаенината да биде целосно зашиена, а не да наликува на мал џеб.
Во спротивно, може лесно да се скине.
Градниците со жица не се секогаш најдобар избор
Жицата им дава добра потпора на градите, но ако не ви е неопходна, подобро изберете модел без жица.
Формата на градите на секоја жена е различна, па жицата може да создава непотребен притисок.
Покрај тоа, кај неквалитетните модели жицата многу брзо ќе го искине градникот.
Денес можете да најдете модели кај кои наместо жица, има потпора од помек материјал кој е поудобен и подобро се приспособува на формата на градите.
Не заборавајте да ги проверите шевовите
За долната облека да ви трае подолго, важно е да биде добро зашиена.
Обрнете внимание на квалитетот на тантелата
Долната облека од тантела изгледа елегантно и женствено.
Но, ако тантелата ви делува многу круто и „евтино“, подобро не ја купувајте долната облека бидејќи може да ве иритира.
Проврете ја еластичноста
Важно е долната облека да биде еластична.
На пример, градниците треба да бидат доволно стегнати за да им ја дадат потребната потпора на градите, но не треба да ве стегаат и да ви биде непријатно кога ќе ги облечете.
Купувајте спортски градници на закопчување
Избегнувајте ги спортските градници кои треба да ги облечете како топ.
Кога градникот не е на закопчување, со секое облекување ќе го растегнувате и ќе ви трае пократко.
Внимателно сушете ги градниците
За да ја задржат формата што подолго, најдобро е да ги сушите градниците поставени рамно, како на долната фотографија.
Не ги чувајте градниците на закачалка
И во овој случај причината е градникот подолго да ја задржи својата форма.
Чувајте ги градниците во фиока или плакар, уредно наредени, а не на закачалка.
Спирова С. | Црнобело