Трик кој вирално се шири: ZARA има тајни симболи за полесно бирање на соодветна големина – што означуваат?
Што значи кога ќе видите круг, квадрат или триаголник на етикетата од облеката во ZARA? Кога треба да пробате еден број помал модел, а кога еден број поголем? Како малите знаци ви помагаат да ја одредите големината на моделот што ви е потребна?
На социјалните мрежи корисничките споделуваат повеќе трикови што би ви помогнале да го изберете вистинскиот број за вас кога купувате облека од ZARA.
Што значи кога на етикетата ќе видите, квадрат, круг или триаголник и како да го изберете вистинскиот број за вас?
На апликацијата на ZARA имате опција да го одредите сопствениот број на облека, така што ќе внесете повеќе параметри за сопственото тело, а една корисничка на TikTok направи кратко видео во кое споделува како уште полесно да го одредите вистинскиот број за вас, зависно од моделот.
Според неа, ознаките на етикетите, како квадрат, триаголник и круг имаат посебно значење што се поврзува со големината на моделот.
„Девојки го знаевте ли ова: квадратот значи дека моделот е во точна големина, триаголникот значи дека станува збор за ‘помал’ модел, а кругот дека станува збор за ‘поширок’ модел“ – се вели во видеото.
Додека голем број девојки ѝ се заблагодарија на корисничката за објавеното видео, поранешни вработени во ZARA коментираат дека знаците не се поврзани со големината, туку се ставаат за вработените да имаат подобра ориентација за тоа каде треба да стојат моделите во колекцијата.
Моделите со круг треба да се најдат во главната колекција за жени, оние со триаголник во TRF колекцијата (наменета за помлади девојки) и оние со квадрат се наменети за колекцијата на основна облека (фармерки, блузи и сл).
Друга вработена, пак, вели дека иако ознаките се наменети во главно за распоредување на колекцијата, може да ви помогнат и во избирањето на големината затоа што во моделите од TRF колекцијата треба да изберете модел што е еден број поголем, во основните модели (фармерки и блузи) еден број помал, а кај главната колекција бројот секогаш е соодветен.
Б. С. Б. | Црнобело