„Најдов искористен кондом во седиштето од автомобилот“ - девојки откриваат како дознале дека партнерот ги изневерува

„Една жена роди близнаци што личеа на мојот дечко“, „Најдов шминка во тоалетот, што не е моја“, „Ми стигна мејл дека сопругот резервирал аабортус“ - жени споделуваат кои се најлудите начини како дознале дека партнерот ги изневерува.

kako-shakira-otkrila-deka-pike-ja-izneveruva-i-ushte-9-interesni-nachini-na-koi-lugjeto-doznale-deka-gi-izneveruvaat-01.jpg

Во последните месеци насекаде низ социјалните мрежи се зборува за Пике и Шакира и како таа открила дека тој ја изневерува. Таа го открила тоа преку нејзиниот омилен џем од кој било јадено додека таа била на патување. Интересно е тоа што ниту Пике, а ни нејзините деца не го обожавале вкусот на тој џем.

Луѓето сметаат дека ова е еден од најумните начини на кои некој открил како го изневеруваат, но не е едиствениот. На Твитер, Редит и други мрежи луѓето почнаа да споделуваат неколку интересни начини на кои дознале дека ги изневеруваат.

Издвојуваме:

„Се сомневав дека мојот дечко ме изневерува со жената која роди близнаци кои личат на него. Дури откако раскинавме, тој ми кажа дека всушност спиел со неа без да користи заштита.“ - Рејчел, 30

„Бев во автомобилот на мојот поранешен дечко со неколку негови пријатели. Видов нешто во џебот на седиштето пред мене, па ја пикнав раката и извадив искористен кондом. Тој тврдеше дека сигурно е на пријател.“ - Џил, 30

„Отидов во историјата на неговите коментари на неговиот профил на Редит и видов дека тој коментирал на слика на гола девојка која се има сликано во нашиот заеднички брод со неговата облека на подот во позадина.“ - Кетрин, 27

„Сметката на моето момче беше поврзана со нашата заедничка е-пошта и видов потврда за резервиран термин за абортус. Не бев бремена.“ - Ана, 34

kako-shakira-otkrila-deka-pike-ja-izneveruva-i-ushte-9-interesni-nachini-na-koi-lugjeto-doznale-deka-gi-izneveruvaat-02.jpg

„Не само што најдов една зачинета лушпа од сончоглед на масата (а мојот партнер не го сака тој вид сончоглед), туку потоа најдов скршен акрилен нокт во бањата. - Кара, 31

„Моето дете имаше навика по случаен избор да изговара име што не го препознавам. Подоцна дознав дека тоа е името на жената со која ме изневерува мојот партнер. Се испостави дека ја носел и нашата ќерка на неговите авантури.“ - Амелија, 40

„Најдов молив за очи и маскара во бањата кои се од брендови што не се познати. Бев изненадена, јас користам само врвни брендови." - Ерика, 33

„Имавме врска на далечина и така еден ден решив да го посетам. Прво стигнав до неговиот стан додека тој беше излезен и забележав дека ги нема сите наши заеднички фотографии. Побарав наоколу и ги најдов на куп во неговиот плакар. Но, каде што има чад, има и оган. Нели? - Кејт, 36

„Еден ден на Твитер видов дека му се допадна твитот на неговиот пријател. Потоа кликнав на Твитер профилот на неговиот пријател кој исто така беше поврзан и неговиот Инстаграм. Кога отидов на неговиот Инстаграм, тој објави слика од моето момче и друга девојка. Девојката беше означена, а кога отидов на нејзиниот профил, нејзиниот Инстаграм беше исполнет со слики од моето момче. Дознав дека моето момче од две години има девојка од пет години.“ - Кајла, 35

M. Г. | Црнобелo

Би можело да ве интересира:

„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...
Луѓе откриваат: „Предупредувачки знаци кај бившиот што ги игнорирав“ „Неговите пријатели ми рекоа да се држам настрана од него. И, тоа требаше да ми ...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
„Бремена сум, а партнерот има афера со колешка, како треба да постапам?“ „Го сакам мојот партнер и сум во шестиот месец од бременоста и би сакала нашето ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg