Колку ви е паметно да се сексате со бившиот?

seks-so-bivsi-povekjeЕве ги околностите: петок вечер е, вие сте пред телевизор, надвор врне дожд. Серијата што ја пратите и не е толку лоша и се чувствувате ама баш ок. Сето тоа...

 

 

 

...функционира вака се додека не ви зоврие крвта и не добиете желба за секс – и тоа интезивна, особено кога ќе се потсетите на неодамна прочитаната книга “Дневникот на Бриџит Џонс” и одеднаш добивате предизивикувачка идеа со помислата дека тоа ќе биде незаборавно искуство.

seks-so-bivsi1

Се сетивте на бившиот и наместо да се присетите на сите оние причини заради кои прекинавте со него, моментално размислувате само на него и тоа во кревет – терен  каде што стварно не се покажал лошо. Уште подобро кажано – бил одличен! Го грабате телефонот, вртите на својот последен бивши дечко и тој е кај вас “на пијачка”.

Понатака, сите знаеме како продолжува приказната – вие се секасате со бившиот!

Се е ова убаво, но...колку ви е ова паметен чекор?

Секс со бившиот не мора да значи дека е страшно лоша идеа. Како што секое раскинување е различно, така е различно впуштањето во повремени сексуални доживувања со него.

Прво мора да разберете дека не сте ни луди ни психолошки растроени само поради тоа што сакате секс со личноста со која сте поминале долго време. Тоа е до некаде и очекувано, ако сте имале добар секс за време на врската, а по прекинот сте и двајцата слободни, тогаш не се казнувајте! Тој е човекот кој добро го познавате и затоа тој секс толку добро ви прилега.

Ајде сега да се осврнеме на една друга верзија на приказната. Немојте да се залажувате дека во прашање е секс и ништо друго. Сексуалниот чин е експлозивна бомба и е прашање на време кога ќе се активира.
Ако неодамна сте прекинале, вашите чувства без разлика на тоа дали се позитивни или негативни, се уште ќе бидат силни.

Но, доклоку раскинувањето било поодамна, шансите за враќање на старите емоции се многу поголеми. Пламен кој сте се обидувале да го гасите, се распламнал..

seks-so-bivsi2

Во тие збунувачки моменти пробајте да  сватите дека зад тој нагон на задоволување на сексуалните желби, се кријат и емоционални потреби. Ако новиот секс е добар, на маса пак ќе се отвори прашањето зашто сте раскинале, па ќе продолжите со статус на 'casual seks' и повремено гледање.

Важно е да останете свесни на последиците, затоа што таквиот секс не ја менува вашата ситуација. Голема е веројатноста дека ќе се осекате празно и неисполнето после сета таа еуфорија, како личност без партнер што и практично сте. Кога тој ќе замине, останувате вие....и телевизорот.

Запрашајте се колку може тој однос да потрае, има ли иднина тој начин на гледање, што кога тој ќе најде девојка со која ќе си започне сериозна врска, ќе се чувствувате ли повредени, предадени и искористени..?

Ако искрено и потврдно одговоривте, вратете се на почетокот на приказната и наместо телефон, влезете во својата бања наполенте ја со топла вода и со многу пена, наточете си чаша вино, запалете миризливи свеки и пуштете си relax или chill музика!

Опуштете се...на пат се некои убави нешта да ви се случуваат!

 

Би можело да ве интересира:

„Бремена сум, а партнерот има афера со колешка, како треба да постапам?“ „Го сакам мојот партнер и сум во шестиот месец од бременоста и би сакала нашето ...
6 знаци дека сте во здрава врска исполнета со љубов Не сте љубоморни ако партнерот отиде на патување без вас и покажувате разбирање ...
5 карактеристики кои успешните мажи ги бараат кај жената на нивниот живот Само жена со свои интереси и амбиции може да го поттикне интересот на силен и пр...
6 митови поради кои си го уништувате задоволството во сексот, според експерт Мислат дека секој однос треба да биде спонтан и веруваат дека страста е поважна ...
Што сакаат жените од нивните партнери за да бидат среќни, според психолозите? Жените сакаат да минуваат квалитетно време со партнерот, без разлика дали ќе раз...
„Партнерот ме уценува да живееме заедно, но јас не сакам да бидам маќеа на неговите деца“ Дали жената треба да живее со партнерот иако не е подготвена да се грижи за него...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg