„Прирачник“ за мажи: 12 докази дека таа е жената што ви треба во животот
Таа е интелектуално предизвикувачка, односно со неа може да се водат интелектуални дебати, нешто што е навистина секси на долги стази.
Дали таа е вистинската? Што треба да поседува една жена за да имате среќен живот со неа?
Која жена е вистинската за вас?
Карактеристики на жената која е квалитетен сопатник за до крајот на животот:
- Таа е доследна, односно не се менува во зависност од тоа со кого е во врска, туку е тоа што е – секогаш и секаде.
- Таа ги следи своите цели, но ги поддржува и вашите, силна е, инспиративна е, па прави и вие да сте најдобрата верзија од себе.
- Таа е интелектуално предизвикувачка, односно со неа може да се водат интелектуални дебати, нешто што е навистина секси на долги стази.
- Таа е достоинствена и со самиот свој став прави луѓето да ја почитуваат.
- Таа е искрена, секогаш отворено ќе разговара со вас и ќе ви помогне да се вратите на вистинскиот пат.
- Таа е способна да прави компромиси и свесна е дека животот не е секогаш бајка, па некогаш мора да се жртвува во име на некое поголемо добро.
- Таа е љубезна и емпатична, сфаќа кога некој се соочува со тешки мигови и знае како да му изрази поддршка.
- Таа ги прифаќа вашите мани, не ве критикува постојано и не ѝ е цел да направи да се чувствувате инфериорно.
- Таа има слични вредности како вас, а тоа е клучно кога градите живот со некој за да немате конфликти постојано.
- Таа може да се избори со својата љубомора, односно љубоморна е во границите на нормалата и не прави сцени непотребно.
- Таа знае да остане смирена и во кавгите и да ве смири и вас, едноставно не експлодира и има заразна смирувачка енергија.
- Таа вложува напори во врската и постојано се труди со мали работи да ви покаже дека ѝ е грижа за вас и вашата љубовна приказна.
С. С. | Црнобело