3 причини зошто некои жени се „магнет“ за лоши мажи и нарциси
Ако забележувате дека постојано ве привлекуваат и завршувате во врска со ист тип на мажи, кои во никој случај не се добри за вас, можно е да имате комбинација од карактерни особености, кои на некој начин се надополнуваат со нивните карактери, па заради тоа вие ги привлекувате нив.
На некои жени многу често им се случува да завршат во врска со нарцисоидни личности, кои всушност се една од најлошите групи луѓе за врска, љубов и дружење.
Секому може да му се случи еднаш да се најде во врска со таква личност, но ако постојано се фаќате себеси како заглавувате во врска со погрешна личност, тогаш според Psychology Today многу е веројатно вие да поседувате одредени карактеристики што ја надополнуваат нивната природа.
За кои карактеристики станува збор?
Премногу сте грижливи по природа
Дали би можеле себеси да се опишете како личност што премногу води сметка за туѓите потреби?
Ако сте личност што постојано сака да ги задоволува потребите на другите и уживате да бидете „незаменливи“ и среќни сте со тоа што му ги исполнувате сите потреби на партнерот, ќе сфатите дека не само што ве привлекуваат нарциси, туку и вие ги привлекувате нив.
Нарцисите, најмногу од сè, сакаат партнери кои им дозволуваат да бидат доминантни, кои им прогледуваат низ прсти кога се однесуваат непристојно и, секако, им дозволуваат да бидат во фокусот на вниманието.
Ако сте личност што може целосно да ги игнорира сопствените потреби и е сконцентрирана само на задоволување на туѓите, тогаш, за жал, вие сте идеален партнер според нив.
Ве привлекува гламурозен начин на живот
Многу често на жените им се случува да бидат привлечени од начинот на живот на нарцисите. Во најголемиот број случаи, тие се издвојуваат од толпата, имаат интересно друштво и наизглед водат интересен и исполнет живот, за кој другите може само да сонуваат.
Најголемиот проблем настанува кога жената ќе се навикне на ваквиот начин на живот, па подготвена е да ги проголта сите понижувања, само за да не го загуби статусот на партнерка на личноста која е „главна фаца“ во градот.
Премногу сочувствувате со другите
Жените со силна емпатија се омилени жртви за нарцисите. Тие лесно потпаѓаат на нивните манипулации и на почетокот не препознаваат дека нивниот партнер не се открива себеси целосно.
Подоцна во врската, почнуваат наивно да веруваат дека треба на нарцисот му дадат само уште една шанса за да се поправи и слепо веруваат дека секој може да се промени заради вистинската љубов.
Б. С. Б. | Црнобело