8 работи што емоционално интелигентните луѓе не му ги прават на партнерот

Не ги банализираат проблемите на партнерот и не избегнуваат одговорност кога ќе направат грешка.

8-raboti-shto-emocionalno-inteligentnite-lugje-ne-mu-gi-pravat-na-partnerot-01.jpg

Емоционалната интелигенција е нешто најважно во односот со другите.

Луѓето со изразена емоционална интелигенција се сочувствителни, несебични и секогаш ја гледаат големата слика, наместо да делуваат според моменталните емоции.

Тие се и одлични партнери, а кога се во врска, никогаш не ги прават следниве работи:

Не ги банализираат чувствата на партнерот

Луѓето со истакната емоционална интелигенција ги земаат предвид чувствата на партнерот и никогаш не ги банализираат.

Тие знаат дека за нивната врска да опстане, важно е и двајцата да бидат отворени за своите чувства,но и да знаат дека со партнерот безбедно можат да разговараат за што било.

Не се натпреваруваат

Некогаш партнерите ја гледаат врската како натпревар. На пример, му бројат на партнерот дали направил повеќе грешки од нив.

Емоционално интелигентните луѓе се свесни дека ова однесување е токсично.

Знаат дека врската не е натпревар и кога ќе се соочат со проблеми и конфликти, треба да ги решат, а не да се обвинуваат кој е полошиот.

Не очекуваат совршенство

Емоционално интелигенти луѓе не очекуваат совршеност од никој и ништо – ни од нивниот партнер, ни од врската.

Тие разбираат дека не постои личност која не прави грешки и јасно им е дека некогаш грешките се она што нè прави луѓе.

8-raboti-shto-emocionalno-inteligentnite-lugje-ne-mu-gi-pravat-na-partnerot-02.jpg

Не го губат своето јас во врската

Некои луѓе како да го губат својот идентитет кога се во подолга врска.

Но, ова не важи за емоционално интелигентните луѓе кои се свесни за важноста од тоа да се остане свој.

Притоа, тие не дозволуваат партнерот да се изгуби себеси и го поддржуваат.

Не избегнуваат одговорност

Веќе спомнавме дека емоционално интелигентните луѓе се свесни дека секој прави грешки, дури и тие самите.

А, кога ќе направат грешка, не бегаат од одговорноста и секогаш се извинуваат, но бараат и начин да ја подобрат ситуацијата.

8-raboti-shto-emocionalno-inteligentnite-lugje-ne-mu-gi-pravat-na-partnerot-03.jpg

Не се однесуваат „пасивно-агресивно“

Емоционално интелигентните луѓе се отворени за своите емоции.

Тие нема да кријат од партнерот кога нешто ми пречи и нема да пробуваат да му се одмаздат зад грб.

Секој конфликт го решаваат со искрен разговор.

Не ги искористуваат слабостите на партнерот

Емоционално интелигентните луѓе никогаш нема да ги искористат слабостите на партнерот против него.

Напротив, ќе му помогнат да работи на нив и да стане подобра личност.

Не пробуваат да го променат партнерот

Со текот на времето, сите ние се менуваме и тоа е добро бидејќи е знак дека созреваме.

А, емоционално интелигентните луѓе оставаат овој процес да се случува сам.

Односно, никогаш нема да се обидат да го променат партнерот.

Можеби ќе му ги укажат грешките кога мислат дека ги прави, но нема да бараат од него да биде друга личност.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
Помалку очигледни знаци дека ја привлекувате личноста што ви се допаѓа Често трепка кога зборува со вас и ги крева веѓите кога ќе ве здогледа – неретко...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...
Навики со кои несвесно си ја уништувате врската, низ илустрации Го критикувате партнерот за секоја ситница и си давате слобода да одлучувате за ...
Прашања кои треба да си ги поставите ако размислувате да ставите крај на врската или бракот Дали само се расправате или ги решавате проблемите? А, дали имате заедничка визи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg