Жена (34) со искрена исповед: „Откако сопругот се здебели, не чувствувам никаква сексуална привлечност кон него“
„Повеќе не чувствувам привлечност и никаква желба, каква што има тој. Знам дека е свесен за здебелувањето и воопшто не сакам да го натерам да се чувствува лошо.“
Сите се менуваме со текот на годините, како физички, така и ментално. Се менуваат нашите размислувања, нашите погледи кон светот, но и нашето тело. Но, некои личности, за разлика од други, доживуваат подрастични промени.
Таков е случајот и со овој маж којшто добил повеќе вишок килограми на себе, при што неговата сопруга се соочува со проблем: тој повеќе не ја привлекува сексуално.
Така, оваа жена, која е во брак со нејзиниот маж шест години, се обратила до колумнистката на британскиот весник The Sun, Дидре, каде што отворено признава дека има проблем со сексуалниот живот.
Во продолжение следува нејзиното писмо во целост:
„Откако мојот сопруг се здебели, повеќе не чувствувам никаква сексуална привлечност кон него. Кога имаме секс, се срамам да признаам дека сега ја преферирам кучешката поза, бидејќи не се возбудувам ако сум свртена кон него. Му кажав дека тоа ми стана омилена поза, но загрижена сум дека ќе ја сфати вистинската причина.
Јас имам 34 а тој 38. Во брак сме шест години. Пред неколку години беше отпуштен и оттогаш е многу помалку активен.
Порано нашиот сексуален живот беше добар, но сега мора да имаме долга предигра и да ги држам очите затворени…
Повеќе не чувствувам привлечност и никаква желба, каква што има тој. Знам дека е свесен за здебелувањето и воопшто не сакам да го натерам да се чувствува лошо.
И се труди да ги изгуби вишокот килограми со диета и вежбање. Не мислам дека дебелите луѓе изгледаат лошо, но, едноставно повеќе не можам да се возбудам од него“.
Дали ако сопругот нагло ослабе и се врати во форма, сексуалната возбуда пак ќе се врати? Што мисли колумнистката Дидре?
Прочитајте го нејзиниот одговор во целост:
„Вие не сте лоша личност. Повеќе ви се допаѓал вашиот сопруг кога бил послаб и не можете да му кажете на вашето тело како да реагира.
Можеби вашата возбуда опаднала затоа што сте заедно веќе неколку години.
Спонтаното сексуално возбудување често се намалува со блискоста и со текот на времето, па ни треба повеќе стимулација за да ја добиеме истата реакција.
Фактот што вашиот сопруг ја изгубил работата, без сомнение влијае и врз неговата самодоверба.
Како резултат на тоа, тој може да се чувствува помалку привлечен. Ако не се подобрат работите, размислете за професионално советување на парови“.
Што мислите вие? Дали физичката промена на телото влијае врз намалувањето на желбата на секс, или тоа е последица и на долгиот заеднички живот?
М. Ѓ | Црнобело