Ефектот „Мерилин Монро“ е хит на социјалните мрежи – Како ми помогна во љубовниот живот?
„Мерилин ти благодарам, ми помогна“ – вели колумнистката Јана Хокинг која редовно објавува колумни за тоа како се труди да го подобри својот љубовен живот. Таа раскажува што се случило откако пробала да го користи трикот познат како „Мерилин Ефект“ со кој зрачите од самодоверба.
Жените и девојките на социјалните мрежи сè почесто зборуваат за т.н. „Мерилин ефект“ кој може да направи да зрачите со самодоверба, а на тој начин ќе ви помогне да ја најдете љубовта на вашиот живот.
За овој термин, најпопуларно е видеото на студентката по психологија Микаела Вилсон која вели:
„Мерилин можела да шета наоколу во истата облека и да си ги заврши обврските без никој да ја забележи или знаела како да се сврти кон својата Мерилин персона и луѓето да доаѓаат до неа, да ја препознаат и одеднаш таа да биде во фокусот и да стане ѕвезда.
Психолозите го користат ова за да им објаснат на нивните пациенти дека самодовербата всушност е во начинот на држење на телото и привлечноста најмногу зависи од говорот на телото“.
Според неа, има 5 клучни фактори што треба да ги следите, ако сакате да зрачите со самодоверба:
1. Бидете отворени со говорот на телото – нема потреба да зјапате во телефонот цело време. Изгледајте пристапно со крената глава и исправени рамена;
2. Секогаш воспоставувајте контакт со очи со луѓето околу вас;
3. Чекорете бавно и контролирано – нема потреба да изгледате хаотично или да брзате;
4. Застанете на вистинското место во собата – нема потреба да стоите во аголот или некаде во заднина, застанете напред;
5. Насмевнувајте им се на луѓето.
Колумнистката Јана Хокинг на новогодишната вечер се обидела да ги следи овие правила за да види како тоа ќе влијае врз нејзиниот љубовен живот, а во најновата колумна опишува како примената на овие правила изгледа во вистинскиот живот.
„Избрав свилен фустан што го нагласува моето деколте на вкусен начин и ми го прекри стомачето од храната за Божиќ.
Исто така избрав да додадам повеќе волумен во косата и да ставам лажни трепки и секако и добар кармин“ – вели таа.