4-те најчести прашања поврзани со сексот што ги мачат младите луѓе (и одговори за нив)

„Зошто не можам да доживеам оргазам“ е едно од најчестите прашања што студентите ѝ го поставувале на секс експертот Касандра Корадо, која држи предавања за сексуално образование на универзитетите во САД. Кои се другите дилеми на младите?

najchestite-prashanja-povrzani-so-seksot-shto-gi-postavuvaat-mladite-lugje-01.jpg

Без разлика на возраста и искуството, сите луѓе имаат по некое прашање за сексот кое може да им биде непријатно да го постават.

Касандра Корадо од САД 10 години работи како професорка за сексуално образование и држи предавања низ разни универзитети.

Таа неретко добива прашања од нејзините студенти, а во продолжение ги издвојува четирите најчести:

„Како да му кажам на партнерот што сакам во кревет?“

Касандра вели дека ова е најчестото прашање што го добива од студентите кои неретко биле збунети и загрижени за тоа како отворено да ги споделат нивните желби.

Нејзиниот совет е да разговарате за овие работи и кога не сте во спалната соба. Односно, споделувајте ги вашите желби во нормален разговор.

На овој начин и вие и партнерот ќе имате време да размислите за кажаното.

Доколку ги споделувате вашите желби само додека трае односот, партнерот може да се чувствува притиснато да направи нешто што не му се допаѓа.

najchestite-prashanja-povrzani-so-seksot-shto-gi-postavuvaat-mladite-lugje-02.jpg

„Зошто не можам да доживеам оргазам со партнерот?“

Многу луѓе, особено жените, имаат тешкотии со доживувањето оргазам кога се со партнер.

Постојат многу причини за ова – имаат проблеми со самодовербата, не се чувствуваат убаво со тој партнер, потребна им е дополнителна стимулација, не зборуваат отворено за она што го сакаат…

За да го решите овој проблем, потребно е да разговарате со партнерот.

Комуникацијата е клучна во врската, дури и кога станува збор за секс.

Кажете што ви се допаѓа, а што не, како доживувате оргазам кога мастурбирате и слично.

najchestite-prashanja-povrzani-so-seksot-shto-gi-postavuvaat-mladite-lugje-03.jpg

„Како до безбеден садо-мазо секс?“

Касандра вели дека сè почесто добива прашања поврзани со садо-мазо секс, но таа истакнува дека е важно да обрнете внимание на безбедноста дури и кога се впуштате во секси игри.

Најдобро е со партнерот да се договорите кој збор да го кажете кога ќе сакате да престанете со нешто.

Таа предлага да одберете краток збор, како „престани“ или „забави“, кој ќе можете да го користите во која било ситуација – кога не се чувствувате пријатно, кога чувствувате болка, кога ќе ве фати грч во ногата…

najchestite-prashanja-povrzani-so-seksot-shto-gi-postavuvaat-mladite-lugje-04.jpg

„Зошто некогаш се чувствувам лошо кога ќе го одбијам партнерот за секс?“

Нормално дека нема секогаш да бидете расположени за секс, но многу луѓе се чувствуваат лошо кога ќе го одбијат партнерот со кого се заедно подолго време.

Касандра смета дека ова чувство на вина обично се јавува ако партнерите имаат помалку секс од порано – нешто што е сосема нормална појава кај подолгите врски.

Исто така, ако секогаш чувствувате вина, можно е причината да биде и поранешен партнер кој лошо го прифаќал одбивањето.

Доколку партнерот ви се налути или изреагира бурно кога ќе го одбиете за секс, Касандра истакнува дека тоа е лош знак.

Партнерот треба да ја почитува вашата желба, а доколку смета дека имате проблеми во сексуалниот живот, тогаш треба отворено да разговарате за тоа.

Касандра советува и да посетите советник ако не можете сами да се справите со проблемот.

najchestite-prashanja-povrzani-so-seksot-shto-gi-postavuvaat-mladite-lugje-05.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Прашувам за пријател: „Мојот сопруг сака секс неколкупати на ден, а јас не - како да го одбијам?“ „Работата од дома беше кошмар, бидејќи тој беше во соседната соба, па ќе влезеше...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
„Бремена сум, а партнерот има афера со колешка, како треба да постапам?“ „Го сакам мојот партнер и сум во шестиот месец од бременоста и би сакала нашето ...
Совети за парови со деца: Како да најдете време (и енергија) за секс? (18+) Кога имате бројни обврски околу децата и домот и кога немате многу време за себе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg