Секс пози за деновите кога партнерката е под стрес (18+)
Постојат секс пози што може да ѝ помогнат на партнерката да се ослободи од стресот и да заборави на грижите... Кои 5 секс пози треба да ги пробате?
Најчесто кога некој е под стрес и во тешки ситуации, ретко помислува на секс, но интимните мигови може во голема мера да ви помогнат да се опуштите и да заборавите на грижите.
Кои секс пози имаат релаксирачко дејство и може да ви помогнат да им се препуштите на страстите и да заборавите на проблемите што ве окупираат?
Лотус
Партнерот седнува со раширени нозе. Партнерката сенува врз него и ги обвитува нозете околу неговата половина.
Оваа секс поза е идеална затоа што овозможува поголема блискост меѓу партнерите. Важи за мошне сензуална, тантричка положба која ќе овозможи интимниот чин да трае подолго и да ви помогне да се ослободите од стресот.
Се верува дека контактот со очи и бавното движење се идеални за смирување на нервите.
Лажичка
Партнерот легнува свртен настрана зад партнерката и пенетрира во неа.
Со оглед на тоа што постои голема близина меѓу партнерите, оваа секс поза овозможува да се чувствувате безбедно додека сте во неговите прегратки.
Под прав агол
За оваа секс поза потребна е цврста и стабилна маса или друг дел од мебелот, но и неколку перници.
Партнерката легнува на грб со задникот на работ на масата, а под ‘рбетот се става перница. Партнерот застанува пред партнерката и пенетрира во неа, при што ги крева нејзините нозе на неговите рамена.
За партнерката оваа секс поза овозможува целосно уживање без многу напор, па може целосно да се препушти на страстите.
Завртена каубојка
Партнерот легнува на грб на креветот. Партнерката седнува врз него, но е свртена со грб кон него. Таа ги шири нозете и се спушта врз неговиот полов орган.
Притоа партнерката се држи за бедрата на партнерот и се движи напред-назад и му овозможува на партнерот да ја стимулира нејзината Г-точка.
Оваа поза ѝ овозможува на партнерката да ја преземе целата контрола и длабочината на пенетрацијата, па на тој начин да се ослободи од стресот.
Чучнување
Партнерот легнува на грб, а партнерката седнува кон него и ги става нозете до неговите колкови и чучнува. Таа треба да се движи горе-долу, а партнерот да ги испружи рацете за да ја придржува.
На овој начин, таа останува многу повеќе сконцентрирана на тоа што треба да го прави и може сама да се ослободи од вишокот енергија и агресија. Освен тоа, се верува дека оваа секс поза може да ѝ овозможи неверојатен оргазам.
Б. С. Б. | Црнобело