Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Прашувам за пријател: „Сакам да пробам анален секс, нервозна сум - што да правам?“ (18+)

„Ако никогаш не сте пробале анален секс, нормално е да бидете нервозни и да не се чувствувате пријатно. Најважно од сè е да користите кондом и лубриканти, да му верувате на парнерот и да се препуштите на моментот за да ви биде убаво“.

prashuvam-za-prijatel-sakam-da-probam-analen-seks-kako-da-se-podgotvam-01.jpg

Рубриката „Прашувам за пријател“ на британскиот магазин Metro е место каде луѓето поставуваат прашања анонимно, бидејќи им е незгодно да зборуваат јавно на одредени теми.

Eдно од прашањата од читателите гласи: „Сакам да пробам анален секс, но нервозна сум. Како да се подготвам?

Одговорот овојпат го даде Џиџи Енгл, сертифициран сексолог и експерт за врски:

„Ако никогаш не сте пробале анален секс, нормално е да бидете нервозни и да не се чувствувате пријатно. Најважно од сè е да користите кондом и лубриканти, да се препуштите на моментот за да ви биде убаво.

Најголемиот ризик поврзан со аналниот секс е болката и кинењето на анусот (што може да предизвика поголем ризик за појава на сексуално пренослива болест) бидејќи анусот не се навлажнува самиот, како што тоа го прави вагината.

Но, овие ризици може лесно да се ублажат, сè додека не брзате и си дадете доволно време за предигра.

Комуницирајте со партнерот, па наместо со пенисот, почнете со користење на некои мали сексуални помагала, и притоа користете лубрикант.

prashuvam-za-prijatel-sakam-da-probam-analen-seks-kako-da-se-podgotvam-02.jpg

Од витално значење е да немате директно анален секс, бидејќи тоа ќе биде болно. Аналниот отвор е област богата со нерви, и оттука произлегува најголемото задоволството во аналниот дел, така што не треба да пенетрирате за да почувствувате задоволство.

Почнете полека со анална игра, па ако уживате, продолжете понатаму. Ако, пак, почнете со анален секс и чувствувате голема болка, престанете веднаш. Вие сте таа што ја има контролата и партнерот треба да престане ако ви е непријатно и болно.

Секогаш користете кондом и лубриканти, по можност од алое вера или на база на масло.

Но, не се присилувајте да правите ништо. 

Важно е и да комуницирате со партнерот и да разговарате за аналниот секс пред да пробате, бидејќи треба да сте опуштени и да ви е пријатно кога сте со него.

А кога ќе почнете, можете да правите и паузи и партнерот да почне да пенетрира многу полека ако ви е болно или непријатно“.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
Предупредувачки знаци дека се соочувате со криза во бракот, низ илустрации Останувате заедно само поради децата и тешко ви е да се присетите на убавите мом...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
Знаци дека траумите од детството ви го уништуваат љубовниот живот (и како да си помогнете) Дали често ви се случува први да му раскинете на партнерот, затоа што постојано ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg