5 совети за да му помогнете на партнерот да не доживее брз оргазам (и да не останете разочарани)

Знаете ли дека кегеловите вежби можат да му помогнат на партнерот полесно да ја контролира ејакулацијата? Кои други совети треба да ги знаете ако сакате да му помогнете на партнерот кој премногу брзо доживува оргазам или има проблеми со предвремена ејакулација?

5-soveti-za-da-mu-pomognete-na-partnerot-da-ne-dozhivee-brz-orgazam-i-da-ne-ostanete-razocharani-01.jpg

Не е тајна дека голем број мажи побрзо постигнуваат оргазам од нивните партнерки или имаат проблем со предвремена ејакулација, што може да предизвикува фрустрации во врската.

Иако многу мажи можат да најдат други начини за да ѝ ја обезбедат потребната возбуда на партерката за и таа да стигне до оргазам, сепак и жените можат да направат нешто за да им помогнат сексуалниот чин да трае подолго и следното задоволство што ќе го доживеат да биде истовремено со партнерот.

Кои 5 трикови треба да ги знаете за да му помогнете на партнерот да не доживее брз или предвремен оргазам?

Почнете бавно

За партнерот да може да издржи подолго, најдобро е самиот сексуален чин да започне бавно, односно по една пенетрација на неколку секунди, а дури подоцна да се забрза.

Ако партнерот чувствува дека е блиску до оргазам, би требало да застане и да одмори додека да успее да постигне контрола врз себе за да може да продолжи.

5-soveti-za-da-mu-pomognete-na-partnerot-da-ne-dozhivee-brz-orgazam-i-da-ne-ostanete-razocharani-03.jpg

Долга предигра

Долгата предигра може да направи „чуда“ доколку партнерот има проблем со предвремена ејакулација или брзи оргазми.

За време на предиграта може и двајцата да стигнете до оргазам, што ќе направи самиот сексуален чин да се одвива подолго и побавно.

Со оглед на тоа што на голем број мажи им треба повеќе време да „се опорават“ по првиот оргазам, предиграта може да трае долго, со што е загарантирано дека и партнерката ќе го добие времето што ѝ потребно за да стигне до врвот.

5-soveti-za-da-mu-pomognete-na-partnerot-da-ne-dozhivee-brz-orgazam-i-da-ne-ostanete-razocharani-04.jpg

Кегелови вежби

Најчесто кегеловите вежби се поврзуваат со жените, но и на мажите можат да им помогнат да ги зацврстат мускулите во карличниот предел.

Вежбата е мошне лесна. Потребно е само да ги стегнете мускулите во карличниот дел, односно истите оние мускули што ги користите при уринирање. Држете ги стегнати од 3 до 5 секунди, а потоа опуштете ги.

На овој начин ќе успеете да развиете самокотрола и полесно да ја контролирате ејакулацијата, а вежбите може да придонесат и за поцврста ерекција.

5-soveti-za-da-mu-pomognete-na-partnerot-da-ne-dozhivee-brz-orgazam-i-da-ne-ostanete-razocharani-05.jpg

Користете кондом

Секој маж ќе ви каже дека користењето кондоми го намалува задоволството за време на секс, но користењето презервативи може да ви помогне сексуалниот чин да трае подолго.

5-soveti-za-da-mu-pomognete-na-partnerot-da-ne-dozhivee-brz-orgazam-i-da-ne-ostanete-razocharani-06.jpg

Сменете ја позата

Ако партнерот има некоја секс поза што брзо го води до оргазам, тогаш пробајте нешто ново.

Се верува дека класичната мисионерска и секс позите во кои партнерката е горе може да му помогнат на партнерот да избегне брз оргазам.

Избегнувајте ја кучешката секс поза.

5-soveti-za-da-mu-pomognete-na-partnerot-da-ne-dozhivee-brz-orgazam-i-da-ne-ostanete-razocharani-02_copy.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
Прашувам за пријател: „Мојот сопруг сака секс неколкупати на ден, а јас не - како да го одбијам?“ „Работата од дома беше кошмар, бидејќи тој беше во соседната соба, па ќе влезеше...
21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg