Србинки откриваат: „Зошто на жените над 30 години им е тешко да пронајдат партнер?“
„Затоа што мажите имаат лесно достапен секс без обврски и не сакаат некој да им диктира како да живеат. Уште ако живеат со мама и таа ги чува како капка на дланка е тогаш е готово“. Зошто и во Македонија сѐ повеќе жени се сингл по 30-тата година од животот?
Сѐ повеќе жени се сингл по 30-тата година од животот и многу од нив велат дека потрошиле многу време и енергија на мажи кои не се труделе околу нив, а тоа им ја разрушило самодовербата и сега повеќе сакаат мир и самотија.
Како кај нас во Македонија, така и во Србија оваа ситуација е реалност и секојдневие.
Српскиот сајт „Zadovoljna“ отвори анкета на темава на својот Фејсбук профил и преку одговорите на Србинките се доловува реалната ситуација.
Одговорите на тема: „Зошто на жените над 30 години им е тешко да пронајдат партнер?“
„Затоа што со бројот на години се зголемуваат и критериумите за избор на партнер“.
„Затоа што во 30-тите и 40-тите сингл се останати момците кои сакаат и понатаму само да се ‘зезаат’ и сакаат слобода или пак разведените, кои исто така сакаат слобода“.
„Затоа што мажите се несозреани мамини синчиња, без став“.
„Затоа жените повеќе не можат да трпат глупости од мажите и прагот на толеранција им е намален“.
„Затоа што на жените им приоѓаат стари пијани мажи со его до плафон, а мажите од нивната генерација се срамат да им пријдат и чекаат жените да стапат во акција. Се изместија машко-женските односи“.
„Ако се паметни жените, нема ни да се мажат. Јас се омажив на 40, сега имам 52 години и да ми е овој памет и искуство, никогаш не би се мажела. Затоа драги мои дами, ако сте независни, главата горе, има мажи за авантура, а вие ќе си го задржите својот мир“.
„Повеќето мажи во тие години се оженети, а некој млад не сакам. Што би се рекло задоцнив и во тие години нема многу опции за мажење, па не се задоволувам со што било“.
„Затоа што кај нас луѓето на 23 години се уште деца, а на 40 веќе се баби и дедовци“.
„Затоа што мажите имаат лесно достапен секс без обврски и не сакаат некој да им диктира како да живеат. Уште ако живеат со мама и таа ги чува како капка на дланка е тогаш е готово“.
„Како стареам, така гледам дека нема нормални мажи и затоа ги избирам мирот и самотијата“.
И за крај еден шеговиот одмор:
„До сингл мажите не можеме да стигнеме од мажените жени“.
С. С. | Црнобело