10 знаци дека треба да престанете да се надевате дека партнерот ќе стапи во брак со вас
Вели дека не сте во сериозна врска и никогаш не ви дава конкретен одговор кога го прашувате за брак – знаци дека партнерот (најверојатно) не планира иднина со вас и не сака да се венчате.
Не секој сака да стапи во брак и тоа е сосема во ред. Но, многу е важно да разговарате за оваа тема со партнерот за да знаете дали имате исти ставови.
Ако вие сакате брак во иднина, а партнерот не (или обратно) важно е и двајцата да го знаете тоа.
Сепак, ако вие сакате брак, а партнерот одбива да ви даде конкретен одговор, постојат некои знаци дека најверојатно нема да сака да се венчате и дека не планира заедничка иднина.
На кои знаци да обрнете внимание?
Не ви дава конкретен одговор
Ако партнерот ја избегнува оваа тема на разговор по секоја цена и ако никогаш не ви дава конкретен одговор, најверојатно не сака да стапи во брак.
Гневен е кога му спомнувате брак
Од една страна, партнерот може да се разгневи кога му зборувате за брак ако ви кажал дека уште не е подготвен, а вие го притискате.
Но, ако ја избегнува темата, а притоа се лути кога ќе ја спомнете, најверојатно не планира да се венча.
Ве држи понастрана од пријателите и семејството
Ако вие сметате дека сте во сериозна врска, а партнерот ве држи настрана од блиските луѓе, ова е предупредувачки знак.
Ова значи дека партнерот не само што не сака брак со вас, туку не е сигурен ни дали сака да бидете во врска.
Ги крие проблемите од вас
Ако партнерот никогаш не ги споделува своите чувства, мисли и проблеми со вас, тоа е уште еден предупредувачки знак.
Помеѓу партнерите треба да постои доверба, а ако партнерот ја нема во вас, тешко дека ќе сака да стапите во брак.
Избегнува конфликти
Во секоја врска има конфликти, и ова е всушност здраво за односот помеѓу партнерите.
Ако партнерот покажува незаинтересираност кон конфликтите во врската и не ни пробува да ги реши, веројатно не ве гледа како личност со која би стапил во брак.
Не му е грижа за вашите идни планови
Ако партнерот сака да го помине животот со вас, ќе покажува интерес за вашите идни планови.
Доколку партнерот ви делува незаинтересирано секогаш кога му зборувате за иднината, веројатно не ни планира да биде со вас во иднина.
Вие се чувствувате очајно
Добро размислете како се чувствувате во врската. Ако ги забележувате сите знаци што ги спомнавме досега, веројатно не сте најсреќни.
Штом партнерот не ни пробува да ве направи среќни, тогаш не ни планира да стапи во брак со вас.
Вели дека не сте во сериозна врска
Ова е уште еден предупредувачки знак – ако партнерот им вели на другите дека не сте во сериозна врска, тогаш не се залажувајте дека сте.
Штом вели дека вашата врска не е ништо сериозно или дека само се гледате и ништо повеќе, не можете да очекувате да ви се посвети, уште помалку да стапи во брак со вас.
Ве запросил, но не сака да се венчате
Некогаш се случува паровите да се свршат, но да се венчаат и неколку години подоцна.
Ако двајцата стојат зад оваа одлука, тогаш нема никаков проблем.
Но, ако партнерот го избегнува разговорот за свадба откако ве запросил, веројатно не ни сака да се венчате.
Потсвесно знаете дека не е вистинскиот за вас
Ако се сомневате во партнерот и неговата љубов кон вас и потајно сте сигурни дека немате заедничка иднина, можеби треба да му верувате на инстинктот.
Дури и кога бракот не е во прашање, ако партнерот не ве почитува, ве крие од другите и е затворен пред вас, можеби не вреди да трошите време на него.
Спирова С. | Црнобело