Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+)
Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од тантела или свила, особено ако тоа не го прави многу често.
Сексуалните желби се менуваат и кај мажите и кај жените со текот на годините. Тоа што еден маж го сака кога има 25 години, не е исто како на 35, 45 или откако ќе наполни 50 години.
Мажите во 40-тите години сè уште имаат силен сексуален апетит. Но, на ова возраст ги возбудуваат работи што најверојатно не ги возбудувале кога биле тинејџери или кога биле во своите 30-ти години.
Па, што сакаат 40-годишните мажи во кревет?
Самодоверба
Мажите во нивните 40-ти сакаат да бидат во кревет со жена која се чувствува убаво во своето тело, со својата сексуалност и искуството што го има.
„Дури и ако жената не сака да направи нешто, таа ќе го каже тоа на глас без да се срами. Мажите над 40 сакаат жени кои се сигурни во себе и директни и ќе знаат да кажат ако нешто им се допаѓа, односно не им се допаѓа во сексот“ вели експертот за врски Ејприл Масини за „The Date Mix“.
Експериментирање
Многу мажи и во нивните 40-ти години, без оглед дали се во брак, врска или сингл, кога имаат секс сакаат да експериментираат во спалната соба.
На таа возраст ретки се мажите што уживаат само во мисионерската поза или во позата лажичка – напротив, сакаат нешто повеќе и различно.
Жената да го почитува неговото внимание и вложениот труд
Мажите над 40 години сакаат жените да се забавуваат во сексот. Затоа прават сè што знаат за партнерката да ужива и да не ѝ е монотоно.
Секој маж ќе се почувствува пријатно, па дури и гордо, ако знае дека жената го почитува неговото внимание и сето она што тој го прави за неа во кревет.
Секси долна облека
Иако постојат мажи на кои не им е важно каква долна облека носи жената пред да имаат секс, некои мажи уживаат кога ја гледаат партнерката во секси долна облека и знаат дека таа се потрудила поради нив.
Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од тантела или свила, особено ако тоа не го прави многу често.
Кога жената го познава своето тело
Масини вели дека мажите по 40-тата година сакаат кога жената им кажува што да прават.
„Тие се отворени за сè, сакаат да ја задоволат жената, а еден дел од тоа е таа да го познава добро своето тело, да знае што ја возбудува и да му го каже тоа. Значи, колку подобро се познавате себеси и своето тело, толку мажите ќе бидат посреќни, бидејќи на тој начин ќе уживате и двајцата“.
Интимност
Многу мажи над 40 години повеќе сакаат да водат љубов отколку да имаат секс.
Велат, таа фаза ја надминале кога биле помлади и сега им е важно да почувствуваат интимност со жената со која имаат сек.
Сакаат долга предигра, бакнување, гледање во очи.
И ќе направат сè за жената да биде задоволна и задоволена - без разлика дали е тоа гушкање или интимно допирање.
А. Ј. | Црнобело