Низ илустрации: Строги, непишани правила на работното место кои може да ви наштетат (и во ред е да ги прекршите)
Ако примате нередовна плата, ви кратат дневници непотребно, ви даваат дополнителни задачи без надоместок или не сте задоволни, тогаш е во ред да дадете отказ и пред да најдете ново вработување – кога е во ред да се прекршат непишаните правила поврзани со кариерата? Не мора да се казнувате со нив...
На секое работно место постојат строго пропишани правила од компанијата што мора да се почитуваат, како и непишани правила што ви ги наметнува културното однесување или пак си ги наметнувате самите на себе, и што сметате дека треба да ги почитувате за да имате добар однос со колегите и претпоставените.
Во продолжение да погледнеме кои непишани правила е во ред да ги прекршите затоа што не само што не ви носат напредок, туку може и да ви наштетат.
По завршување на работното време не сте должни да одговарате на повици
Освен ако при прифаќање на работното место не сте се согласиле дека ќе бидете достапни во кое било време од денот, кога ќе ви заврши работното време не сте должни да одговарате на телефонски повици и мејлови поврзани со работата.
Приватни разговори со колегите (иако не сте расположени)
Понекогаш не се чувствувате пријатно во друштво на сите колеги, но продолжувате да водите неважни разговори, наместо да работите во тишина.
Колегите не мора секогаш да ви бидат добри пријатели и нема потреба да чувствувате грижа на совест ако некогаш им кажете дека не сте расположени за разговор.
Амбиции за напредок во кариерата
Многу често слушаме дека успехот на работното место се мери со искачувањето по скалилата на хиерархијата, но ако ви се допаѓа работното место на кое работите во моментот нема потреба да чувствувате грижа на совест затоа што не сте се искачиле погоре.
Продолжува на следната страна...
Би можело да ве интересира:





