5 типа на луѓе што најчесто може да бидат жртви на булинг на работното место (и зошто?)

Луѓето што се жртви на булинг на работното место најчесто се врвни професионалци, кои зрачат со позитивна енергија каде и да се појават. Зошто токму тие се „трн во око“ за силеџиите и најчесто завршуваат како жртви?

5-tipa-na-lugje-shto-najchesto-mozhe-da-bidat-zhrtvi-na-buling-na-rabotnoto-mesto-i-zoshto-01.jpg

Кога се зборува за булинг најчесто се мисли на децата кои одат во училиште, но факт е дека и возрасните личности често може да бидат жртви.

Вербалните критики, личните напади, понижувања, омаловажувања и исклучувања од социјалните собири се само некои од работите со кои жртвите се соочуваат на работното место.

5-tipa-na-lugje-shto-najchesto-mozhe-da-bidat-zhrtvi-na-buling-na-rabotnoto-mesto-i-zoshto-06_copy.jpg

Ваквото однесување може да влијае врз здравствената состојба на вработениот кој е жртва и да ја намали неговата продуктивност.

Најчесто, вработениот кој е жртва на „силеџии“ ја започнува работната недела чувствувајќи огромна анксиозност, а потоа ги брои деновите додека да дојде првиот слободен ден.

Најчесто оние што се жртви на булинг се соочуваат со следните ситуации на работното место:

  • Постојани критики и несоодветни забелешки за нивното работење;
  • Наговарање да направат нешто што не сакаат да го направат;
  • Нивните трудови се сметаат за недоволни;
  • Често се наоѓаат засрамени пред колегите, претпоставените или клиентите;
  • Често се исклучени од собирите на колегите и се соочуваат со закани;
  • Слушаат лаги и недолични коментари за себе;
  • Други им ги земаат заслугите за тоа што го сработиле…

За разлика од смелите облици на булинг во детството, булингот на работното место често е суптилен, при што колегите најчесто не признаваат дека вршеле насилство врз жртвата, па таа почнува да се сомнева во сопствените ставови.

Кои луѓе најчесто може да бидат жртви на булинг на работното место?

Луѓето што се омилени меѓу колегите

Најчесто жртвите се луѓе што каде и да се појават шират позитивна енергија. Се поздравуваат со сите, го почитуваат сите, па дури и силеџиите.

Често може да се случи некој од колегите да биде љубоморен на ваквиот однос што жртвата го има со другите, па да почне да шири лаги, невистини и трачеви, со цел да ја оддалечи од заедницата и да ја исклучи од неа.

Под превезот на лажни пријатели, силеџиите прво почнуваат на жртвата да ѝ кажуваат како некој ги озборува по работните часови, измислуваат приказни, со цел да ѝ ја срушат самодовербата и да ја натераат да си мисли дека таа не припаѓа таму.

5-tipa-na-lugje-shto-najchesto-mozhe-da-bidat-zhrtvi-na-buling-na-rabotnoto-mesto-i-zoshto-02.jpg

Луѓе што избегнуваат конфликти

Често жртвите на булинг, може и воопшто да не бидат свесни што им се случува, затоа што вообичаено тоа се луѓе што избегнуваат конфликт.

Ако не добијат покана за предновогодишната забава, тие нема да помислат дека некој намерно не им ја испратил, туку дека по некоја случајност само кај нив не стигнал мејлот.

Ако некој им се развика, веднаш го оправдуваат со помислата дека сигурно личноста има лош ден.

Но, вистината е дека силеџиите сакаат да ја покажат својата моќ така што избираат жртви што нема да им покажат отпор.

Тие не бараат некој што знае да им покаже заби, туку љубезни личности што може да ги искористуваат.

5-tipa-na-lugje-shto-najchesto-mozhe-da-bidat-zhrtvi-na-buling-na-rabotnoto-mesto-i-zoshto-09.jpg

Луѓе што се неверојатно талентирани

Уште еден интересен момент е тоа што жртвите на булинг на работното место често се неверојатно талентирани професионалци.

Тие имаат широки познавања од сите области и не се срамат да побараат совет.

Но, во моментот кога ќе почнат пофалбите и унапредувањата, силеџиите, кои често живеат во илузија дека се најдобри, почнуваат да љубоморат.

Во тие мигови жртвата може да се соочи со тоа некој колега постојано да ѝ ја префрла работата, да ѝ ги зема заслугите за идеите и постојано да бега од одговорност кога некој ќе ја доведе во прашање нивната работа или работна етика.

Силеџиите најчесто се добри манипулатори кои знаат како да ја скријат својата неспособност, вадејќи се на своите жртви.

5-tipa-na-lugje-shto-najchesto-mozhe-da-bidat-zhrtvi-na-buling-na-rabotnoto-mesto-i-zoshto-08.jpg

Луѓе што се мотивирани

Најчесто жртвите на булинг се мошне мотивирани и постојано се трудат да бидат подобри со секој нов проект.

Силеџиите, од друга страна, пак, се луѓе на кои постојано им е потребно некој да ги пофали за работата што ја завршиле.

Тие се многу позаинтересирани за впечатокот што го оставаат кај другите луѓе, отколку за личниот развој.

Нив ги излудува тоа што не можат да ја нарушат самодовербата на нивните жртви, иако јавно не ги фалат и не им се восхитуваат за завршените работи.

5-tipa-na-lugje-shto-najchesto-mozhe-da-bidat-zhrtvi-na-buling-na-rabotnoto-mesto-i-zoshto-03.jpg

Луѓе што имаат одлична работна етика

Ако сте личност што сака да игра по правила, не се согласувате со неправда и реагирате соодветно во ситуациите, тогаш многу е веројатно да си го навлечете гневот на силеџиите на работното место.

Тие нема да се обвинуваат себеси за тоа што ги снашло, туку ќе ве обвинуваат вас затоа што сте ги издале.

По ова може да очекувате дека ќе го истурат целиот свој гнев врз вас, со сите можни средства: викање, озборување, омаловажување…

5-tipa-na-lugje-shto-najchesto-mozhe-da-bidat-zhrtvi-na-buling-na-rabotnoto-mesto-i-zoshto-04.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 знаци дека работното место негативно ви влијае на менталното здравје, низ илустрации Во недела не можете да се одморите затоа што следниот ден е понеделник, од секој...
8 луѓе кои се охрабриле да дадат отказ од работа и да го следат сонот – сега живеат среќно „Имам речиси 40 години, бев програмер и работев фронт-енд. Работата беше добра, ...
„Сакам да дадам отказ“ – 8 психолошки причини заради кои си го замразуваме работното место Работното место веќе не ве исполнува, или не ви го дале ветеното покачување? Кои...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...
Хотели, образование: Луѓе споделуваат (мрачни) тајни од своето работно место Вработен во хотел: „Јас работам во хотел и мора да ви признаам дека не ја перат ...
Грешки на интервју за работа поради кои сигурно ќе ве одбијат Немате никакви познавања од технологија и не ги запишувате најважните работи што...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg