Хотели, образование: Луѓе споделуваат (мрачни) тајни од своето работно место

Вработен во хотел: „Јас работам во хотел и мора да ви признаам дека не ја перат постелнината, освен ако не е многу извалкана“.

hoteli-obrazovanie-lugje-spodeluvaat-mrachni-tajni-od-svoeto-rabotno-mesto-01.jpg

Дали и вие имате некоја тајна од вашата професија која не ја споделувате со другите? Постои ли нешто што ве мачи?

Луѓе на Редит одговараат на прашањето „Која е тајната од мојата професија што јавноста не ја знае?“.

Се разбира, тука станува збор за конкретно работно место и не значи дека сите компании од тој тип функционираат на ист начин.

Дел од нивните исповеди:

Вработен во хотел

„Јас работам во хотел и мора да ви признаам дека не ја перат постелнината освен ако не е многу извалкана. Навистина ме згрозува ова и кога одам и по други хотели си земам моја постелнина, но верувам дека не е секаде така“.

hoteli-obrazovanie-lugje-spodeluvaat-mrachni-tajni-od-svoeto-rabotno-mesto-02.jpg

Вработен во издаваштво

„Работам како издавач на книги и искрено да ви кажам освен ако немате голема публика на социјалните мрежи, шансите дека ќе ве објави некоја голема издавачка куќа се мали.

Шансите да заработите пари од таа книга се уште помали. Издаваштвото е 95% фокусирано на правење пари, а само 5% на објавување на вистински квалитетни книги“.

hoteli-obrazovanie-lugje-spodeluvaat-mrachni-tajni-od-svoeto-rabotno-mesto-03.jpg

Вработен во полиција

„Порано бев полициски службеник и имавме непишано правило дека мора да имаме голема стапка на апсења, тоа беше доказ дека работиме“.

hoteli-obrazovanie-lugje-spodeluvaat-mrachni-tajni-od-svoeto-rabotno-mesto-05.jpg

Вработен во образование

„Работам како професор и навистина сакам фер оценување, но луѓето постојано фаќаат врски, притисокот е преголем врз мене и постојат студените кои незаслужено го положиле мојот предмет“.

hoteli-obrazovanie-lugje-spodeluvaat-mrachni-tajni-od-svoeto-rabotno-mesto-06.jpg

Вработен во институција за ментално здравје

„Работев во приватна институција за ментално здравје и сè се вртеше околу парите и имиџот. Менаџментот повеќе се интересираше да заработи, отколку вистински да им помогне на луѓето“.

hoteli-obrazovanie-lugje-spodeluvaat-mrachni-tajni-od-svoeto-rabotno-mesto-07.jpg

С. С. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

8 луѓе кои се охрабриле да дадат отказ од работа и да го следат сонот – сега живеат среќно „Имам речиси 40 години, бев програмер и работев фронт-енд. Работата беше добра, ...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...
10 знаци дека е подобро да си заминете од интервју за работа и да не ја прифатите позицијата, низ ил... Ви го коментираат изгледот, треба да вложите ваши пари пред да почнете со работа...
Српска компанија им даде неограничен број слободни денови на вработените - Добра идеја или промашува... „Веруваме дека добрите вработени создаваат задоволни клиенти, целта ни е да ги з...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg