6 тајни за вашата работа, кои шефот не сака да ги знаете (а треба)

Надредените знаат многу за вашата онлајн активност на компјутерот на работа, имаат миленици помеѓу вработените иако не признаваат, а унапредувањето не секогаш значи дека е добро да го прифатите - неколку тајни кои шефот нема да ви ги открие, а добро е да ги знаете. 

6-tajni-za-vashata-rabota-koi-shefot-ne-saka-da-gi-znaete-a-treba-01.jpg

Работната околина и условите се разликуваат зависно од тоа каде работите и факт е дека не во секоја компанија важат истите правила и начин на работа. 

Но, сепак добро е да бидете добро запознаени со случувањата и начинот на функционирање во деловниот свет. 

Можеби шефовите никогаш нема да ви откријат некои работи, но освен основните правила за однесување, време е да се запознаете и со неколку други „тајни“ кои никој нема да ви ги каже при вработување. 

Ви откриваме неколку кариерни „тајни“ кои е добро да ги знаете: 

Не брзајте да го прифатите унапредувањето

Можеби е во бранша која не сакате да ја работите, можеби не е доволно платено, а ќе имате куп повеќе обврски, можеби работните обврски се здодевни – не секое унапредување значи дека е подобро за вас, па пред веднаш да кажете дека прифаќате, прво распрашајте се и размислете дали го сакате навистина.

6-tajni-za-vashata-rabota-koi-shefot-ne-saka-da-gi-znaete-a-treba-02.jpg

Вработените од ИТ секторот во компанијата веројатно знаат многу за вашата онлајн активност и што правите на компјутерот

Ова е зависно од компанијата во која работите и интересот на надлежните, но добро е да знаете дека доколку сакаат, можат да го следат секој ваш чекор онлајн, независно дали е пребарување на Интернет, мејлови или други активности на компјутерот.

6-tajni-za-vashata-rabota-koi-shefot-ne-saka-da-gi-znaete-a-treba-03.jpg

Вашиот шеф има „миленици“ помеѓу вработените, независно што вели дека сите ги гледа исто

Сепак, тоа не значи дека мора да се „тепате“ и натпреварувате со некого, или дека вашата позиција е во опасност ако не сте најдобар пријател со шефот. Но, дефинитивно може да фаворизира.

6-tajni-za-vashata-rabota-koi-shefot-ne-saka-da-gi-znaete-a-treba-04.jpg

Доаѓање на време значи 10-15 минути порано

Ако дојдете малку порано пред работното време, ќе имате време да се организирате, да си направите кафе, да се подготвите за работа без стрес и ќе бидете поценети.

6-tajni-za-vashata-rabota-koi-shefot-ne-saka-da-gi-znaete-a-treba-05.jpg

Размислете за решенија пред да спомнете проблем

Ако одите кај шефот или надредените со некаков проблем, обидете да се да имате барем некакво предлог решение.

Не мора да значи дека ќе биде прифатено, но можеби и ќе бидете ѕвезда-спасувач на ситуацијата.

Потсвесно, тој ќе го очекува тоа и ќе го цени вашиот напор да се обидете да го решите проблемот, наместо само да чекате на готово. 

6-tajni-za-vashata-rabota-koi-shefot-ne-saka-da-gi-znaete-a-treba-06_copy.jpg

Бидете искрени за вашите грешки

Понекогаш, шефовите и надредените ги забележуваат вашите грешки и без вие да знаете, но чекаат да видат дали ќе ги признаете и како ќе ги претставите.

Нема да ви кажат дека го очекуваат тоа, но ако постапите правилно, дефинитивно ќе ја ценат вашата искреност и покрај грешката. Така создавате доверба.

6-tajni-za-vashata-rabota-koi-shefot-ne-saka-da-gi-znaete-a-treba-07.jpg

 М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
8 луѓе кои се охрабриле да дадат отказ од работа и да го следат сонот – сега живеат среќно „Имам речиси 40 години, бев програмер и работев фронт-енд. Работата беше добра, ...
10 знаци дека е подобро да си заминете од интервју за работа и да не ја прифатите позицијата, низ ил... Ви го коментираат изгледот, треба да вложите ваши пари пред да почнете со работа...
„Сакам да дадам отказ“ – 8 психолошки причини заради кои си го замразуваме работното место Работното место веќе не ве исполнува, или не ви го дале ветеното покачување? Кои...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...
Хотели, образование: Луѓе споделуваат (мрачни) тајни од своето работно место Вработен во хотел: „Јас работам во хотел и мора да ви признаам дека не ја перат ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg