Знаци дека е време да си дадете отказ (и да најдете нова работа)

Едвај станувате наутро и воопшто не можете да се замислите на истата позиција во блиска иднина.

znaci-deka-e-vreme-da-si-dadete-otkaz-i-da-najdete-nova-rabota-01.jpg

Многу често, луѓето кои не се задоволни од своето работно место сепак не бараат нешто ново.

Зa ова, секако, има и оправдани причини, како загриженост од тоа дали ќе најдат нешто соодветно за нив или, пак, стабилно.

Но, некогаш вреди и да ризикувате, особено ако некој период се чувствувате мизерно на работа.

Неколку знаци дека е време да си дадете отказ:

Не се чувствувате сигурно

Ако честопати стравувате за вашата позиција, без разлика што сте добри во својата работа, тоа е знак дека треба да најдете нешто постабилно.

Не сте мотивирани да научите нешто ново

Сите треба да се надградуваме, но ако веќе немате мотивација да научите што било поврзано со вашата работа, можеби е време да ја напуштите.

znaci-deka-e-vreme-da-si-dadete-otkaz-i-da-najdete-nova-rabota-03.jpg

Не им верувате на колегите и надредените

Ако имате колеги кои озборуваат или се подготвени да ве згазат за да успеат, вие немате соработка во канцеларијата.

Па, ова е токсична средина и не треба да останувате таму.

Едвај станувате наутро

Ако првата помисла наутро ви е дека не ви се оди на работа и ова трае подолг период, тогаш е време да почнете да барате нова работа.

Не можете да си ja вршите работата како што треба

Ако надредените не ви обезбедуваат соодветна опрема, услови и слично за да си ја вршите работата како што треба, тогаш не вреди да вложувате труд и време таму.

znaci-deka-e-vreme-da-si-dadete-otkaz-i-da-najdete-nova-rabota-02.jpg

Опкружени сте со луѓе кои имаат многу поразлични вредности од вашите

Не можете да очекувате да бидете блиски со сите колеги.

Но, бидејќи минувате голем дел од времето на работа, важно е да бидете опкружени со луѓе кои главно имаат исти вредности како вас.

Не можете да се замислите на истата позиција во иднина

Размислете дали се гледате во истата компанија во блиска иднина.

Ако одговорот е не, тоа е знак дека треба да почнете да размислувате за промена.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Сакам да дадам отказ“ – 8 психолошки причини заради кои си го замразуваме работното место Работното место веќе не ве исполнува, или не ви го дале ветеното покачување? Кои...
8 луѓе кои се охрабриле да дадат отказ од работа и да го следат сонот – сега живеат среќно „Имам речиси 40 години, бев програмер и работев фронт-енд. Работата беше добра, ...
10 знаци дека е подобро да си заминете од интервју за работа и да не ја прифатите позицијата, низ ил... Ви го коментираат изгледот, треба да вложите ваши пари пред да почнете со работа...
6 тајни за вашата работа, кои шефот не сака да ги знаете (а треба) Надредените знаат многу за вашата онлајн активност на компјутерот на работа, има...
4 знаци дека работното место негативно ви влијае на менталното здравје, низ илустрации Во недела не можете да се одморите затоа што следниот ден е понеделник, од секој...
Бон-тон правила за пишување мејл со кои ќе делувате професионално Проверувајте ја пораката за печатни грешки и немојте да користите мејл со шегови...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg