Како Илон Маск открива кога некој лажел во CV – Кое прашање ги издава неискрените?

Не дипломата и образованието, туку одговорот на едно прашање е клучен за тоа Илон Маск да одлучи дали на некој кандидат за вработување треба да му даде шанса или не. Ова прашање го користат и голем број други работодавци, а открива дали кандидатот лажел во својата биографија.

kako-ilon-mask-otkriva-koga-nekoj-lazhel-vo-cv-koe-prashanje-gi-izdava-lazhgovcite-01.jpg

На многумина може да им се случи да излажат нешто во својата професионална биографија (CV) со цел да ја добијат работата за која долго време сонувале, а Илон Маск сподели кое е прашањето што редовно го поставува на интервјуата за да дознае дали си има работа со лажговци.

„Раскажи ми повеќе за најтешките проблеми на кои си работел и како си ги решил“ – гласи прашањето што сите кандидати го добиваат на интервјуто за работа кај него.

kako-ilon-mask-otkriva-koga-nekoj-lazhel-vo-cv-koe-prashanje-gi-izdava-lazhgovcite-03.jpg

Инаку станува збор за техника за интервјуирање која е позната и како Асиметричен менаџмент на информации (AIM) и треба да му помогне на интервјуираниот да покаже дека навистина ја зборува вистината за своето искуство, преку обезбедување детални информации.

Ако сте во можност детално и точно да одговорите на ова прашање, многу е веројатно дека ја кажувате вистината.

„Ако дадат подолги, подетални изјави за настанот за којшто раскажуваат, тој што го води интервјуто ќе може да открие дали соговорникот ја зборува вистината.

kako-ilon-mask-otkriva-koga-nekoj-lazhel-vo-cv-koe-prashanje-gi-izdava-lazhgovcite-02.jpg

Во спротивно, тие што лажат ќе направат сѐ за да прикријат дека лажеле, па заради тоа можно е да не сакаат да изнесат премногу информации за себе.

Тие претпоставуваат дека ако не изнесат доволно детали, тој што ги интервјуира нема да може да ја забележи нивната лага“ – истакнува Коди Портер, автор на студијата посветена на оваа техника за интервјуирање.

kako-ilon-mask-otkriva-koga-nekoj-lazhel-vo-cv-koe-prashanje-gi-izdava-lazhgovcite-06.jpg

Инаку, Илон Маск е еден од најбогатите луѓе во светот, а неговиот начин на вработување во голема мера е единствен и мошне поразличен од другите работодавци.

Познато е дека за време на интервјуата тој од кандидатите не бара дипломи, ниту од средно образование, ниту од колеџ, туку бара докази дека сте „исклучително способни“ за да ве вработи.

Според него, ако во минатото сте покажале дека сте исклучително способни за да се справите со проблемите во минатото, тоа значи дека ќе можете да го направите и во иднина.

kako-ilon-mask-otkriva-koga-nekoj-lazhel-vo-cv-koe-prashanje-gi-izdava-lazhgovcite-04.jpg

Многу е полесно да излажете во биографија или мотивациско писмо, но многу е потешко тоа да го направите во моментот кога сте во фокусот на вниманието и треба да зборувате отворено.

Поранешни вработени јавно зборувале за условите за работење во неговите компании, па рече дека тие немале менаџери и хиерархија во Space X, но се очекувало на сите состаноци јавно да ги споделуваат своите идеи и да се вклучуваат активно со сопствени ставови.

„Немав никакви ограничувања на работното место, сѐ додека додавав вредност на тоа што го работев.

На пример некој ќе ме прашаше дали ме интересира софтверот за летање и ако ме интересира, бев поканет да одам и на тие состаноци“ – вели Винсент Петерс, кој работел во Space X, 2 години.

kako-ilon-mask-otkriva-koga-nekoj-lazhel-vo-cv-koe-prashanje-gi-izdava-lazhgovcite-05.jpg

Прочитајте и Можете ли да ја решите загатката која Илон Маск ја поставува на интервјуата за работа?

Б. С. Б. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

10 знаци дека е подобро да си заминете од интервју за работа и да не ја прифатите позицијата, низ ил... Ви го коментираат изгледот, треба да вложите ваши пари пред да почнете со работа...
8 луѓе кои се охрабриле да дадат отказ од работа и да го следат сонот – сега живеат среќно „Имам речиси 40 години, бев програмер и работев фронт-енд. Работата беше добра, ...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
„Сакам да дадам отказ“ – 8 психолошки причини заради кои си го замразуваме работното место Работното место веќе не ве исполнува, или не ви го дале ветеното покачување? Кои...
Грешки на интервју за работа поради кои сигурно ќе ве одбијат Немате никакви познавања од технологија и не ги запишувате најважните работи што...
4 знаци дека работното место негативно ви влијае на менталното здравје, низ илустрации Во недела не можете да се одморите затоа што следниот ден е понеделник, од секој...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg