Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Како да останете организирани додека работите, без разлика дали сте дома или во канцеларија

Ако сакате да бидете продуктивни, многу е важно добро да си го организирате времето.

kako-da-se-organizirate-dodeka-raboite-bez-razlika-dali-se-doma-ili-vo-kancelarija-01.jpg

Без разлика дали сте во канцеларија или работите од дома, ако не направите некаков план, вашата продуктивност дефинитивно ќе страда.

Затоа, погледнете како да останете организирани додека работите, без разлика каде сте:

Секој ден работете на организацијата

Секој ден правете листа со најважните обврски, но направете и неделен план за работите што обично ги запоставувате.

На пример, понеделник нека биде ден за средување на работното простор, во вторник средете ги документите, во среда одговорете на запоставените мејлови…

На овој начин обврските нема да ви земаат многу време, а сигурно ќе ги завршите сите.

Испразнете ги фиоките и бирото

Голема е веројатноста во вашиот работен простор да има еден куп работи што не ви се потребни – пенкала што не пишуваат, стари документи, шолји, нешто за грицкање…

Обидете се да се ослободите од сите нешта што не ви требаат додека работите. На овој начин бирото секогаш ќе ви биде средено, а околу вас ќе нема работи што ќе ви го одвлекуваат вниманието.

kako-da-se-organizirate-dodeka-raboite-bez-razlika-dali-se-doma-ili-vo-kancelarija-02.jpg

Најдете време за релаксација

Кога имате напорен ден, обидете се да одвоите 10-тина минути за релаксација. Ова време нека биде само за вас и дозволете си да се ослободите од стресот и вистински да се опуштите, а потоа вратете се на работа. Веднаш ќе ја забележите разликата во вашата продуктивност

Намалете го бројот на потсетници

Наместо насекаде да лепите потсетници, запишете ги сите задачи на едно место и организирајте ги според итноста. Прво фокусирајте се на најважните, а дури потоа обрнете им внимание и на другите.

Обидете се во работниот простор да имате најмногу 2-3 стикери со потсетници.

Заборавете на бројните апликации

Можеби имате неколку апликации за кои мислите дека ви помагаат да се организирате, но на нив сигурно трошите повеќе време од планираното.

Затоа, додека работите држете се до најважното – апликацијата за мејл и апликацијата со којашто комуницирате со колегите. Facebook, Instagram и сè друго оставете за после работа.

kako-da-se-organizirate-dodeka-raboite-bez-razlika-dali-se-doma-ili-vo-kancelarija-03.jpg

Испланирајте го времето

Ако воглавно имате исти работни обврски секој ден, тогаш знаете колку време ви одзема секоја од нив. Земете го тоа предвид и испланирајте го целиот работен ден.

Најдобро завршете ги обврските што одземаат повеќе време наутро, за остатокот од денот да ви биде порелаксиран.

Најдете добар планер

Денес се продаваат секакви планери, па сигурно ќе најдете нешто што ќе ги задоволи вашите потреби. Ќе се изненадите кога ќе сфатите колку всушност ќе ви биде од помош.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 најдобри совети на поле кариера (кои секој работник треба да ги примени) Појавувајте се рано – на работното место, на состанок, буквално секаде, така ќе ...
11 хит мемиња во кои ќе се пронајде (апсолутно) секој вработен „’Киселата’ насмевка кога јас и моите колеги слушаме како шефот ни кажува колку ...
„Сакам да дадам отказ“ – 8 психолошки причини заради кои си го замразуваме работното место Работното место веќе не ве исполнува, или не ви го дале ветеното покачување? Кои...
6 тајни за вашата работа, кои шефот не сака да ги знаете (а треба) Надредените знаат многу за вашата онлајн активност на компјутерот на работа, има...
Знаци дека е време да си дадете отказ (и да најдете нова работа) Едвај станувате наутро и воопшто не можете да се замислите на истата позиција во...
Како Илон Маск открива кога некој лажел во CV – Кое прашање ги издава неискрените? Не дипломата и образованието, туку одговорот на едно прашање е клучен за тоа Ило...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg