Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


10 најдобри совети на поле кариера (кои секој работник треба да ги примени)

Појавувајте се рано – на работното место, на состанок, буквално секаде, така ќе бидете подготвени за исполнување на задачите и сериозно сфатени.

10-najdobri-soveti-na-pole-kariera-koi-sekoj-rabotnik-treba-da-gi-primeni-01.jpg

Дали сте од оние работници кои постојано бараат нов предизвик, сакаат раст и развој и не се задоволуваат со ништо помалку од тоа да бидат најдобри или, пак, сте од оние кои само одат на работа колку да одработат за да земат плата и по можност да поминат по полесниот пат?

Ако сте во првата група – секоја чест! Ако сте во втората – тогаш оваа листа на совети за поле кариера дефинитивно ќе ви послужи.

Совети на поле кариера (кои секој работник треба да ги примени):

Излегувајте од зоната на комфорот – пробувајте нови работи, растете и подготвувајте се за нови и позначајни функции.

Запознавајте нови луѓе – запомнете дека секоја личност вреди да ѝ посветите време, затоа што ќе научите нешто од неа.

Појавувајте се рано – на работното место, на состанок, буквално секаде, така ќе бидете подготвени за исполнување на задачите и сериозно сфатени.

Учете постојано – без разлика во која фаза од кариерата сте, секогаш е добро време за обука и нови вештини.

Еднаш годишно испитајте каде сте на поле кариера – колкава ви е платата, можностите и направете стратешки одлуки за напредок.

10-najdobri-soveti-na-pole-kariera-koi-sekoj-rabotnik-treba-da-gi-primeni-02.jpg

Барајте фидбек од претпоставените – секоја критика, добра или лоша, ќе ви помогне во растот и развојот.

Бидете упорни и истрајни – потребно е време за да станете најдобри во областа во која работите и за луѓето да слушнат за вас.

Одржувајте ги ветувањата – ако на работа дадовте збор дека некоја задача ќе ја исполните, тогаш не смирувајте се додека не го направите тоа.

Поставувајте прашања и бидете љубопитни – црпете знаење и постојано бидете во процес на учење од поискусните колеги или претпоставените.

Зборувајте, споделувајте мисли и идеи – слободно изразувајте мислења на професионален план, така само позитивно ќе влијаете на компанијата од која сте дел.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 хит мемиња во кои ќе се пронајде (апсолутно) секој вработен „’Киселата’ насмевка кога јас и моите колеги слушаме како шефот ни кажува колку ...
Најдобрите менаџери водат со пример (работат рамо до рамо со вработените) Голем дел од незадоволството на работното место треба да им се припише на менаџе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg