Како да останете продуктивни кога работите од дома?

Работењето од дома може да биде и благослов, но и „проклетство“. Проблемот е што работењето и живеењето во ист простор може да ја намали вашата продуктивност. 

5 nacini da ostanete produktivni koga rabotite od doma 01

Но, ова не значи дека нема решение за тоа.

Ако се чувствувате помалку продуктивни кога работите од дома, имаме неколку совети кои ќе ви помогнат да ја зголемите вашата ефикасност:

Воспоставете утринска рутина

Во суштина, пристапете му на секој нов ден како да се упатувате кон канцеларијата. Започнете да работите веднаш штом ќе станете. Пијте кафе, облечете се во удобна облека и слично.

Немојте да лежите во пижами цел ден. Дури и ако никој не ве гледа, утринските ритуали ќе ве подготват за денот.

Создадете наменски канцелариски простор

Немаат сите резервна соба каде може да ја преместат својата канцеларија, но потребен ви е простор што ќе му сигнализира на вашиот мозок дека таму работите.

Тоа може да биде биро во едно катче од собата, а најважното е да ја затворите вратата и да се изолирате.

5 nacini da ostanete produktivni koga rabotite od doma 02

Направете распоред

Правејќи ги работите според план (што вклучува и вежбање, оброци и ментални паузи), ќе можете да се организирате подобро.

Мултитаскинг

Остварете ги телефонските повици за време на утринската прошетка. Решете ги едноставните задачи, како проверка на е-пошта и објавување на социјалните мрежи, додека извршувате задачи за кои е потребна мала концентрација.

Идентификувајте ги и отстранете активностите што ви го одземаат времето

Без разлика дали изгубивте еден час гледајќи телевизија или правевте ручек што ви одзема многу време, утврдете кои активности не треба да ги правите тој ден. Потоа направете проактивен план за максимално да го искористите времето и да бидете ефикасни.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
„Сакам да дадам отказ“ – 8 психолошки причини заради кои си го замразуваме работното место Работното место веќе не ве исполнува, или не ви го дале ветеното покачување? Кои...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...
Како Илон Маск открива кога некој лажел во CV – Кое прашање ги издава неискрените? Не дипломата и образованието, туку одговорот на едно прашање е клучен за тоа Ило...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg