Најлошите 10 работи кои шефовите не можат да ги поднесат кај своите вработени

Често читаме за лоши шефови, лоши директори и претпоставени кои се однесуваат како слуги на Сатаната.

Najlosite-10-raboti-koi-shefovite-ne-mozat-da-gi-podnesat-kaj-svoite-vraboteni-01.jpg

Но, не секогаш вината смееме да ја бараме кај едната страна, бидејќи секоја приказна има најмалку две.

Па така, работодавачите решија да проговорат и да кажат кои навики на вработените им пречат на нив.

И списокот не е воопшто краток. Ова се 10 работи од кои на претпоставените им се крева косата:

Лажни боледувања

Истражувањата покажале дека секој вработен искористил барем едно лажно боледување во текот на годината. Особено лошо е пред или после празниците.

„Мистериозно“ околу 32% од вработените настинуваат баш околу Нова година, што предизвикува стрес и нервоза кај работодавачот, и се доаѓа до ситуација кога тешко може да им се верува  дури и на оние кои навистина имаат реален здравствен проблем.

Доцнење

„Имаше сообраќајка, премногу гужва, кучето ми е болно, морав да ја однесам мајка ми на лекар...“ Сите неубедливи лаги кои означуваат само едно: Се успав!

Времето и скапоцено и сите сакаат точни и прецизни вработени кои го разбираат значењето на доаѓањето навреме.

Нехигиена

Како да му кажете на одреден вработен да обрнува повеќе внимание на својата хигиена, затоа што им пречи на останатите колеги, вклучувајќи ги и претпоставените?

Ова е една од најнепријатните ситуации за секој шеф и секој го мрази соочувањето во кое треба да го замоли вработениот да се бања почесто или да престане да јаде лук на работното место.

Вашата мелодија на мобилниот

Дури и да станува збор за најомилената и најубавата песна на светот, константното звонење на една иста мелодија ги излудува претпоставените.

Најдобро ставете го телефонот на вибрации или нечујно ѕвонење и воедно ограничете си ги разговорите додека сте на работа.

Никој не сака дрдорковци кои не се симнуваат од телефонот.

Трговци на мало

„Да не сакате да погледнете шминки, шејк за слабеење, магичен џогер за плочки?“

Освен ако тоа не е вашата вистинска професија, разберете дека не може да изигрувате продавачи на работното место.

Кашлачи

Имате проблеми со синусите или со дишењето, хрчите, кашлате и апсолутно секој знае кога си го дувате носот во марамчето. Решете си го проблемот, бидејќи правите дисбаланс на работната атмосфера и им одите на нерви апсолутно на сите.

Настојчивост

Убаво е да покажете внимание и почит кон претпоставените, во граници на нормалата и добриот вкус. Сето понатамошно улизување, беспотребно влегување во канцеларијата по 10 пати дневно и опсипување со комплименти, прават само поголема штета.

Никој не сака подлизурковци и лицемерни луѓе.

Флегматичност

Се влечете како полжав и изгледате како целиот живот да е исцицан од вас.

За завршување на една нормална работа ви треба 3 пати подолг рок отколку на останатите.

Соочете се со реалноста дека можно е наскоро да добиете отказ, бидејќи никој не ги цени влечковците.

Невнимание

„Испуштена е само една буква, згрешена е само една бројка, е добро де, фали само една страница од извештајот“ ... и ова се повторува до бесконечност.

Луѓе сме и сите правиме грешки од време на време, но вашето невнимание може скапо да ве чини.

Нелојалност

Зборувате лоши работи на сите околу вас за вашата компанија, за колегите, начинот на работа, внатрешната политика и претпоставените. А лошиот глас се шири брзо и патува далеку.

Кога еднаш сите овие работи ќе дојдат до ушите на вашиот шеф, тој едноставно доаѓа до заклучокот дека вие не сакате да сте дел од тимот и сте едноставно нелојален работник.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 луѓе кои се охрабриле да дадат отказ од работа и да го следат сонот – сега живеат среќно „Имам речиси 40 години, бев програмер и работев фронт-енд. Работата беше добра, ...
Хотели, образование: Луѓе споделуваат (мрачни) тајни од своето работно место Вработен во хотел: „Јас работам во хотел и мора да ви признаам дека не ја перат ...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
10 знаци дека е подобро да си заминете од интервју за работа и да не ја прифатите позицијата, низ ил... Ви го коментираат изгледот, треба да вложите ваши пари пред да почнете со работа...
„Сакам да дадам отказ“ – 8 психолошки причини заради кои си го замразуваме работното место Работното место веќе не ве исполнува, или не ви го дале ветеното покачување? Кои...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg