Воодушевете го шефот

Ако имате амбиции да напредувате на работа и создадете кариера, една од главните личности кои мора да ги импресионирате е вашиот...

 

... шеф. Таа личноста која може да ве унапреди, бидејќи тој има најголема контрола над вашите дневни активности. Постојат два начина како да напредувате:

1. можете да се подобрите при сработувањето на вашата сегашна позиција а со тоа да имате подобра плата и подобра
позиција;

2. можете  да најдете нова, подобра работа.

Ако се одлучите за првиот начин, тогаш еве 8 докажани начини со кои можете да го импресионирате вашиот шеф.

8. Завршете ги задачите кои сите ги забораваат - многумина се фокусираат на големи и важни задачи меѓутоа и ситниците понекогаш играат важна улога. Бидете први кои тоа ќе го направат, бидејќи кога повеќе мали задачи ќе се соберат и тие стануваат проблем.voodusevete-go-sefot-1

7. Воочете ги релевантните достигнувања и новости на подрачјето на кое се занимава вашата фирма - многу едноставно. Можеби нема истата работа да ја работите цел живот, но ако во нешто сакате да бидете добри, следете што се случува. Информирајте ги своите колеги и шефот за тоа.

6. Работното место одржувајте го чисто - освен што со тоа покажувате каква личност сте, покажувате и дека водите грижа за работата генерално.

5. Дојдете порано и заминувајте подоцна - на овој начин ќе имате време да се подготвите за работа и ќе обрнете внимание на работните активности. Никој не вели дека морате да работите прекувремено, но не е на одмет да проверувате и да преконтролирате што тој ден сте работеле.

На крајот, со ова оставете впечаток дека вие навистина ја сакате својата работа.

4. Држете се до својот стил - сте слушнале за изреката: "Облечете се за работата која ја сакате, а некоја ја имате"? Таа доволно кажува. Бидете секогаш уредни и соодветно облечени.

3. Штедeте пари во својата фирма - фирмата може да има повеќе пари на два начина: со заработувачка или со штедење. Додека можете да учествувате во остварувањето на профит на многу начини, имате директна контрола околу намалувањето на трошоците исто така. Ако на пример сте пронашле ефтин добавувач за потребите на компанијата!

2. Бидете подготвени - најмалку што можете да направите е да бидете информирани и подготвени за работата која ја правите. Бидете свесни дека подобро работно место и унапредување носи и повеќе одговорности. Ако не можете да се снајдете со она што моментално го работите, тогаш како очекувате повеќе?

1. Превземете иницијатива - ова е многу логичен продолжеток од точка 2. Ако се отвори нов проект - превземете го. Ако видите дека нешто треба да се направи, направете го! Што повеќе вашата фирма напредува, поголеми се ризиците. Преминете ги малку границите на своите должности и направете нешто што ќе и биде на фирмата од корист.

Би можело да ве интересира:

Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
Грешки на интервју за работа поради кои сигурно ќе ве одбијат Немате никакви познавања од технологија и не ги запишувате најважните работи што...
Како Илон Маск открива кога некој лажел во CV – Кое прашање ги издава неискрените? Не дипломата и образованието, туку одговорот на едно прашање е клучен за тоа Ило...
Српска компанија им даде неограничен број слободни денови на вработените - Добра идеја или промашува... „Веруваме дека добрите вработени создаваат задоволни клиенти, целта ни е да ги з...
„Сакам да дадам отказ“ – 8 психолошки причини заради кои си го замразуваме работното место Работното место веќе не ве исполнува, или не ви го дале ветеното покачување? Кои...
8 луѓе кои се охрабриле да дадат отказ од работа и да го следат сонот – сега живеат среќно „Имам речиси 40 години, бев програмер и работев фронт-енд. Работата беше добра, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg