Совети за првиот работен ден
Доколку се соочувате со првиот работен ден на вашето работно место, овие совети ќе ви помогнат да го зголемите потенцијалот на вашата идна...
...кариера.
1. Дојдете на време (не порано)
И објаснете им на колегите дека "Луѓето кои доаѓаат порано не разбираат што значи точно и навремено". Со ова ќе оставите добар прв впечаток.
2. Понесете неколку документи од дома
Исто така понесете и некое списание. Првата половина на првиот работен ден ќе биде досадна бидејќи нема да знаат која задача да ви ја доделат. Ќе ви досадуваат со прирачник за вработени и сличен пропаганден материјал.
3. Не фалете се колку сте возбудени за новата работа
Тоа само ќе ја намали вашата врдност. Тие треба да бидат возбудени што ве имаат вам!
4. Не помнете имиња
Едноставно не е кул. Прочитајте ја предходната точка уште еднаш.
5. Идентификувајте ги клучните личности
Секогаш ќе има од оние кои ќе бидат сакани и привилегирани, и оние кои се презирани, мрзливи сениори. Држете се до вторите, така ќе се чувствувате подобро.
6. Не бидете оптимисти
Доколку гледате професионализам помеѓу новите колеги, запомнете, не можат да глумат толку добро повеќе од еден ден.
7. Не брзајте ги администраторите и ИТ персоналот
Бидејќи колку поскоро ја добиете вашата ИД картичка и компјутер, толку поскоро ќе треба да почнете со работа.
8. Не обидувајте се да ги имресионирате луѓето
...со својот талент и способности. Запомнете, колку подоцна разберат за вашите способности, толку подоцна ќе добиете задачи. Веќе ја добивте работата, нели?
9. Не прашувајте прашања
Колку повеќе знаете, толку помалку треба да се извинувате кога ќе направите некоја грешка. Запомнете, не е прашањето дали, туку кога ќе дојде до тоа.
10. Разгледајте ја канцеларијата на шефот
Разгледајте ги неговите интереси и постигнувања. На тој начин ќе знаете каков комплимент да доделите и да го импресионирате во вашиот пат кон успехот.
11. Покажете знак на сиромаштија
Не фалете се со вашето богатство. Убедете го дека сте сиромашен човек за да го избегнете честењето на колегите од вашата прва плата.
12. Идентификувајте ги останатите "гуштери"
Спријателте се со нив. Ќе ви бидат од корист кога ќе испуштите некој курс, да ве покријат.
13. Не напуштајте го работното место често
Сениорите може да ви "дигнат" нешто од новата канцелариска опрема.
14. Проверете ја интернет конекцијата
Бидејќи не ќе можевте да го прочитате ова доколку имате рестрикција на интернетот.
15. Заминете си на време (не подоцна!)
Верувајте. Ова е единствениот ден кога можете да си отидете на време.