Најчудните професии во историјата: Што од ова би работеле?
Технолошкиот напредок уништи многу просперитетни кариери, некои од тие биле „Организатор на оргии” во древниот Рим или „Ловец на стаорци” од викторијанска Англија.
Сепак ќе се согласиме дека овие кариери уште постојат, но истите не се популарни како некогаш.
Погледнете ги останатите најчудни историски професии во историјата:
1. „Јадач на гревови” (личноста која јаде туѓи гревови)
Без разлика на тоа колку грешеле нивните сакани, пред самиот закоп, луѓето можеле да им обезбедат сигурен пат кон рајот. Едноставно, го повикувате локалниот „јадач на гревови”, кој за мал надомест ги јаде сите гревови на починатиот.
Секако, тоа си имало своја процедура, а таа се одвивала на следниот начин:
На градите од починатиот се ставало леб и пиво, а по некое време откако овие намирници ќе ги „примеле” гревовите, професионалниот јадач ја консумирал сета храна и го чистел телото на умрениот од сите гревови.
2. „Чукачот” (личноста која чука на врати и прозорци)
Во почетоците на индустриската револуција, не постоеле аларми, па затоа некој морал да ги буди луѓето рано наутро. За среќа, тука бил „Чукачот”, кој им тропал на прозорците и вратите.
Овие луѓе со себе носеле долги шипки, обично направени од бамбус, за да успеат да затропаат на високите прозорци. Исто како и модерните, здодевни аларми, овој чукач тропкал сѐ додека не бил 100% сигурни дека неговите клиенти се будни.
3. „Кралскиот лудак” (приватен стенд ап комичар)
Сите сме слушнале за кралските лудаци или уште попознати како „будали” на кои им било дозволено да го навредуваат кралот, а да не ја изгубат главата. Секако овие стенд ап комичари за задача имало цело време да го држат насмеан кралот и во добро расположение.
4. „Телокрадец”
Во Велика Британија, кражбата на трупови се водела како еден вид мал прекршок со минимални санкции, а тоа довело до развој на огромна индустрија и појава на професијата „Телокрадец”.
Личностите кои краделе трупови морале да бидат многу внимателни, бидејќи ако од починатиот украле накит или облека, тоа се водело како тежок прекршок. Овие трупови се користеле за истражување во медицината, а по донесување на законите, денес за проучување единствено се користат неидентификувани или донирани тела.
5. „Мијач на задник”
Мијачот на задници бил слуга (задолжително тоа бил маж) во домаќинството на англискиот монарх, кој меѓу другото, имал за задача да го чисти задникот на монархот, откога тој ќе врши нужда.
Ваквата положба во минатото се сметала како многу цената, бидејќи „Мијачот на задници” имал посебен пристап до монархот, но и до кралевите кои имале вакви слуги. Обично ваквите слуги биле личности со титула, која имала висока социјална положба.
Што од ова би работеле вие?