Грешки на интервју за работа поради кои сигурно ќе ве одбијат
Немате никакви познавања од технологија и не ги запишувате најважните работи што ќе ви ги кажат – Кои се најчестите грешки на интервју за работа што ви ги уништуваат шансите за успех?
Реалноста е дека никогаш не можете да предвидите како ќе изгледа едно интервју за работа. Но, ова не значи дека треба да отидете неподготвени.
Од голема важност е да бидете свесни и за најчестите грешки, кои повеќето ги прават несвесно, но оставаат навистина лош впечаток.
Дел од нив во продолжение:
Прашувате дали ќе ви покријат трошоци за паркинг
Некогаш се случува да треба да платите паркинг додека сте на интервју за работа.
Но, немојте да прашувате дали вие самите ќе си платите за пакрингот или ќе ви го покријат трошокот од фирмата.
Според луѓе кои спровеле илјадници интервјуа за работа во нивната кариера, ова е прашање што го добиваат изненадувачки често, а секојпат изгледа непрофесионално.
Доколку компанијата планира да ви ги покрие трошоците за паркинг, ќе ви најави однапред.
Премногу зборувате за приватниот живот
На интервју за работа можно е да ве прашаат нешто полично за подобро да ве запознаат.
Но, ова прашање не треба да го гледате како „покана“ да зборувате за сите детали од вашиот приватен живот.
Оние кои го водат интервјуто секако дека треба да бидат фини и учтиви, но не заборавајте дека сте на разговор за работа, а не на кафе.
Не покажувате почит
Мора да ја почитувате личноста која ве интервјуира бидејќи, на крај, од неа зависи дали ќе продолжите натаму.
Ако имате преголемо его и мислите дека оној кој ве интервјуира вреди помалку од вас, верувајте дека нема да ја добиете работата.